Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хрватскиот новинар нема разбирање за колегите кои му се потсмеваат, објасни што се случило при вклучувањето во живо од Израел
Регион

Хрватскиот новинар нема разбирање за колегите кои му се потсмеваат, објасни што се случило при вклучувањето во живо од Израел

13/10/2023

AA

Хрватскиот новинар Петар Влахов, кој поттикна реакции откако со откопчан шлем лежеше на земја во Израел, а зад него луѓето релаксирано гледаа во своите мобилни телефони, се јави со реакција и објасни што се случувало. 

Тој сега е во Тел Авив и раскажа што точно се случило додека се вклучувал во дневникот.

„Не ми беше сеедно, многу ме потсетуваше на војната во татковината. Сè помина добро. Нападот траеше околу две минути и за среќа без последици“, изјави новинарот за Вечерњи.

Репортерот рече дека во моментот на нападот бил на обиколка на населба во близина на Ашкелон на западот на Израел.

„Со оглед на тоа што таму често има ракетни судири, во багажникот носевме панцири и шлемови обезбедени од амбасадата. За време на патувањето добив СМС порака дека за помалку од една минута ќе има ракетен напад во областа низ која се движиме. Ги оставивме возилата по протокол и ги земавме кацигите и чекавме да помине нападот“, објаснува Петар.

Тој додаде дека нема ништо против корисниците на социјалните мрежи, но нема разбирање за одредени колеги и медиуми кои му се потсмеваа на неговото вклучување.

„Причината поради која другите гледаа во нивните мобилни телефони беше тоа што чекаа порака дали ќе има уште еден бран напади. Поради безбедносната проценка се вративме во побезбедниот дел од Тел Авив“, вели Влахов.

Во саботата палестинското милитантно движење Хамас го нападна Израел и неколку дена има воени дејствија во земјата. Во Појасот Газа загинаа најмалку седум новинари. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пороен дожд поплави повеќе улици во Битола, службите интервенираат на

16/07/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Една изборна единица ќе обезбеди еднаква тежина на гласот

16/07/2026
Македонија

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Битола

16/07/2026
Македонија

УНЕСКО повторно предупредува: Охридскиот регион се соочува со ризик да

16/07/2026
Македонија

Невреме ја зафати Македонија: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

16/07/2026
Македонија

ИЈЗ предупредува: Хотели, куќи и септички јами сè уште го

16/07/2026
Македонија

Четири компании конкурирале за електричните автобуси, резултатите од тендерот во

16/07/2026
Македонија

Нестабилно време во повеќе региони: Пороен дожд и грмежи северозападно

16/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44437
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пороен дожд поплави повеќе улици во Битола, службите интервенираат на терен

16/07/2026

Пороен дожд што вечерва го зафати подрачјето на Битола во периодот од 20:40 до 21:40 часот предизвика поплавување на куќи,

Сиљановска-Давкова: Една изборна единица ќе обезбеди еднаква тежина на гласот

16/07/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека воведувањето една изборна единица во земјава би било добро решение, бидејќи, како што вели, секој

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Битола

16/07/2026

Обилниот дожд проследен со силен интензитет предизвика сериозни проблеми во Битола, каде вечерва повеќе улици и крстосници се најдоа под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy