Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХРВАТИТЕ ИМААТ МОРЕ, АМА НЕМААТ ПАРИ ДА ОДАТ НА ОДМОР! „Можам само да сонувам за тоа“
Регион

ХРВАТИТЕ ИМААТ МОРЕ, АМА НЕМААТ ПАРИ ДА ОДАТ НА ОДМОР! „Можам само да сонувам за тоа“

18/07/2023

AA

Последните податоци на заводот за статистика на Европската унија, Евростат, покажуваат дека од стотина Хрвати, 42 од нив немале доволно пари за да одат на одмор минатата година.

Според овој критериум само Романија, Бугарија и Грција биле полоши од Хрватска во ЕУ, пишува Вечерњи лист и додава „навистина сме сиромашен“.

Последните податоци на заводот за статистика на Европската унија, Евростат, покажуваат дека 7,6 отсто од Луксембуржаните и 10,2 отсто од Швеѓаните не можеле да си дозволат одмор од најмалку една недела. Заедно со Луксембург и Шведска, најдобри се Финска, Холандија и Данска, каде 12 отсто од граѓаните не можат да си дозволат една недела годишно.

На дното на оваа ранг листа се Романците, од кои 62,5 отсто можат само да сонуваат да одат на седумдневен одмор. Заедно со Романија, најлошо е во Бугарија и Грција, каде 48,8 односно 43,8 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да патуваат. Неделно патување годишно не можат да си дозволат 41 отсто од Унгарците, 34,2 отсто од Италијанците, 33,8 отсто од Словаците, 27,6 отсто од Полјаците, 18 отсто од Чесите, 16,7 отсто од Словенците и 13,8 отсто од Австријците.

Најтешко за самохрани родители

Евростат ги објави овие податоци на барање на левичарската фракција во германскиот Бундестаг. Според сопствените изјави, 21,9 отсто од луѓето во Германија немале доволно пари за еднонеделен одмор во 2022 година. Според овие податоци, најпогодени се самохраните родители.

Во категоријата „самец со деца“, 42 отсто од нив во Германија не можат да одат на еднонеделен одмор. Севкупно, домаќинствата со деца (23,4 проценти) беа почесто погодени од домаќинствата без деца (20,7 проценти). Засегнати се и пензионерите. За германските податоци, беа интервјуирани 40.000 луѓе.

Лидерот на левицата во Бундестагот, Дитмар Барх, податоците за Германија ги нарече „тажно откритие“. „Секој треба да има можност да оди на одмор барем една недела годишно. За тоа се потребни повисоки плати, соодветни пензии, конзистентна антиинфлациска политика и основен систем за безбедност на децата отпорен на сиромаштија во Германија“, рече тој, пренесува Вечерњи.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
Македонија

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026
Македонија

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026
Македонија

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало

09/08/2026
Македонија

Полицијата му дошла на помош, тој ги нападнал: Приведен 17-годишник

09/08/2026
Македонија

Во стан во Карпош пронајдена почината 45-годишна жена

09/08/2026
Македонија

Запленето товарно возило поради нелегален ископ на песок во неготинско

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44932
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026

Балканската естрада и љубителите на ромската музика се простуваат од една од најголемите музички легенди на овие простори. Вчера почина

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без возачка дозвола

09/08/2026

На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026

Вчера на 79 годишна возраст, почина Мила Камбовска, поранешен судија на Врховниот суд на Република Македонија, во пензија. Како што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy