Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хонда и Нисан се спојуваат „за да преживеат“
Економија

Хонда и Нисан се спојуваат „за да преживеат“

23/12/2024

AA

HONDA и Nissan се договорија да ја истражат можноста за спојување и формирање на заедничка холдинг компанија, објавија денеска компаниите. Овој потег ќе го создаде третиот по големина производител на автомобили во светот и ќе сигнализира огромна промена во индустријата.

Двете компании ќе имаат за цел комбинирана продажба од 30 трилиони јени (180 милијарди долари) и оперативен профит од повеќе од 3 трилиони јени во потенцијално спојување, се вели во соопштението.

Тие планираат да ги завршат преговорите до јуни 2025 година, а потоа да основаат холдинг компанија до август 2026 година, кога акциите на двете компании ќе бидат отстранети од берзата.

Консолидацијата ќе ја создаде третата по големина автомобилска групација во светот по продажба на возила, по Тојота и Фолксваген, во време кога „старите“ производители на автомобили се соочуваат со зголемени предизвици што ги поставуваат Tesla и кинеските производители на електрични возила.

Хонда, вториот по големина производител на автомобили во Јапонија по Тојота, има пазарна капитализација од повеќе од 40 милијарди долари, додека третопласираниот Нисан е проценет на околу 10 милијарди долари. Honda ќе го назначи мнозинството од менаџментот на холдингот, се вели во соопштението.

Интеграцијата на двете почитувани јапонски брендови ќе ја означи најголемата промена во глобалната автомобилска индустрија откако Fiat Chrysler Automobiles и PSA се споија во 2021 година за да го создадат Stellantis во зделка вредна 52 милијарди долари.

Комбинацијата со Mitsubishi Motors би ја зголемила глобалната продажба на јапонската групација на повеќе од 8 милиони автомобили. Во моментов третата по големина групација се јужнокорејските Hyundai и Kia.

Минатиот месец, Nissan објави план за укинување на 9.000 работни места и 20 отсто од својот глобален производствен капацитет, по падот на продажбата на клучните пазари во Кина и САД. Honda исто така објави заработка полоша од очекуваната поради падот на продажбата во Кина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за

28/08/2026
Македонија

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот

28/08/2026
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45302
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026

Системот „Безбеден град“ почна автоматски да ги детектира и мотоциклите кои се движат со брзина поголема од дозволената. Пронајдено e

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во

28/08/2026

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот во Шуто Оризари

28/08/2026

Стевче Јакимовски речиси три недели бил хоспитализиран поради здравствени тегоби, а пред два дена е вратен во Казнено-поправната установа Затвор

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy