Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХАЈРЕДИНИ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА БЕСИМИ – Поддршката за струјата ја плаќаат граѓаните
Економија

ХАЈРЕДИНИ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА БЕСИМИ – Поддршката за струјата ја плаќаат граѓаните

02/06/2023

AA

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, преку својот Фејсбук профил му реплицираше на актуелниот министер за финансии, Фатмир Бесими на тема енергетика. 

– Владата ќе продолжи да го поддржува АД ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

xxx

И таа поддршка ќе ја плаќаат граѓаните, не Владата – напиша Хајредини. 

Темата за енергијата, особено цената на струјата деновиве е актуелна, по најавата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, дека можно е зголемување на цената на струјата од дури 13 проценти, ако се прифатат барањата на енергетските компании. 

Министерот Бесими синоќа во телевизиско гостување посочи дека Владата ќе продолжи да ја поддржува ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните. 

– Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ – рече Бесими во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.

Посочи дека во текот на изминатата грејна сезона на ЕСМ од Буџетот му беа префрлени вкупно 320 милиони евра за да не поскапат струјата и парното, а со намалувањето на ДДВ-то како поддршка за пониски сметки беа одлеани дополнителни 70 милиони евра или вкупно речиси 400 милиони евра за да не се зголемат цените на енергентите.

– Сметам дека е добро што во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните стои колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари кои доаѓаат од даноците што ги плаќаат. Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а само политика на Владата е да ја даде субвенцијата. Сметам дека во сметките за оваа година треба да стои и европското знаме, бидејќи од Европската Унија како грант ни се доделени 84 милиони евра за справување со енергетската криза – укажа минстерот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy