Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груевски му врати на Мицкоски: Си ја исполни повеќегодишната желба да влезеш во јавен конфликт и напади врз мене
Македонија

Груевски му врати на Мицкоски: Си ја исполни повеќегодишната желба да влезеш во јавен конфликт и напади врз мене

20/09/2023

AA

Преписките меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски не застануваат.

По објавениот статус на Мицкоски, се јави и Груевски кој вели дека таков статус и очекувал, без никаков аргумент или доказ.

„Денес стигна одговорот на Мицковски. И како што очекував без никаков аргумент, без никаков доказ или нешто слично. Рекла-казала од типот “се слуша”, “гласно говорат”, “се фалат” итн.

Тоа ли е политика? Така ли се води партија? Така ли се гради единство во партијата?

Мицковски си ја исполни повеќегодишната желба да влезе во јавен конфликт и напади врз мене. Некој му кажал дека тоа ќе му е од корист. Провикациите од негова страна не се од вчера, само што на таа провокација од вчера неможеше да не се одговори, барем со прашања колку да се извади на површина дека Христијан Мицковски изнасилено си создаде нов противник наместо да се занимава со власта, која седма година неможе да ја сруши и покрај нивната неспособност, корумпираност и безидејност.

Си создава ново алиби за секоја идна намерна или ненамерна грешка и штетна одлука, алиби за идните изборни резултати, кои со овој памет нема да се очекуваните од сите нас.

Напишал дека сум сакал да создавам раздор и тој не сакал јавно да се препукува, ќе ми кажел во четири очи. А ме нападна преку најпознатиот германски медиум.

Јас знам, а и јавноста, дека со ниту еден збор или потег не сум направил раздор досега.

Ако навистина сум планирал такво нешто, зошто не почекаа, да се види тоа, да направам нешто што ќе им биде поткрепа на тезите, а не од наводни озборувања и гласини да градат политики.

Напротив, раздорот го направи тој со моето прогласување за нов непријател и жестокиот напад без да се даде најмала причина. Заев го направи најголем пријател и сојузник, мене кој цел живот го бранам националните, државните и партиските интереси, и само добрини сум му направил во животот ме прогласи за непријател.

По ова мерете му го умот!

Потоа ја стави целата партиска машинерија во одбрана на неговите параноични, штетни и безсмислени чекори и политики. Токму тоа е “со сила” создавање раскол, растурање, а не нешто што сум направил јас.

Јас во континуитет жестоко го напаѓам СДСМ. Мицковски ме нападна мене. Нели ви е нешто чудно тука?

Се тоа може да му биде интересно до следните избори, кога оваа политика на создавање непријатели од луѓе кои го посветиле животот на партијата и каузата ќе ја следи од канцеларијата и ќе му одработува партиската машинерија која му ја оставив. Но, што потоа?“, пишува Груевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44956
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може без Албанците“

11/08/2026

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за РТВ21 отвори можност за свое повлекување од политичката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy