Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРОМ: Одлуката на АВМУ за исклучување на Левица од покривање на трошоците за медиумско претставување во кампањата за локалните избори е скандалозна и недемократска
Македонија

ГРОМ: Одлуката на АВМУ за исклучување на Левица од покривање на трошоците за медиумско претставување во кампањата за локалните избори е скандалозна и недемократска

25/09/2025

AA

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) во соопштение до медиумите реагира на одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со која политичката партија Левица е исклучена од покривање на трошоците за медиумско претставување во кампањата за локалните избори.

Од ГРОМ сметаат дека станува збор за скандалозна и недозволива одлука, имајќи предвид дека Левица е парламентарна и опозициска партија. „Во држава која е членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија ваквите чекори не придонесуваат за унапредување, туку за ограничување на демократските капацитети и создавање систем својствен за други времиња и општества,“ се наведува во реакцијата.

ГРОМ посочува дека целта на државното финансирање на медиумските кампањи е да им се овозможи простор и на помалите партии и независни кандидати, со што би се поттикнал плурализмот и би се зајакнала демократијата, а граѓаните би имале поголема понуда и можност за вистински избор.

„Владејачката партија секојдневно го узурпира медиумскиот простор, користи милионски средства од државата за финансирање и за рекламирање. Со ваква медиумска доминација и елиминација на политичките противници на нечесен начин, нема да се подобри животниот стандард, правната држава, безбедноста, ниту бизнис-климата, туку уште повеќе ќе дојдат до израз празните ветувања,“ стои во соопштението.

ГРОМ додава дека целта е да се остварат добри изборни резултати, но во услови на фер и чесна политичка конкуренција. „Ова е само предвесник на настаните што ќе следат на овие локални избори, во обид на власта по секоја цена да ја задржи контролата врз локалната самоуправа, каде што нема остварено реални резултати,“ се заклучува во реакцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy