Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ предлага: Уставните измени да се завршат до февруари 2026 за отворање на првиот кластер со ЕУ
Македонија

СДСМ предлага: Уставните измени да се завршат до февруари 2026 за отворање на првиот кластер со ЕУ

25/09/2025

AA

Опозициската СДСМ денеска ја презентираше Предлог-резолуцијата за утврдување на државните и национални позиции за продолжување на евроинтеграцискиот процес, со јасни рокови за спроведување на уставните измени. Лидерот на партијата, Венко Филипче, на прес-конференција истакна дека целта е да се искористи актуелниот моментум за проширување на Европската Унија до 2030 година и да се спречи натамошно заостанување на земјата зад другите кандидати.

Според предложената временска рамка, Владата треба да ги разгледа и евентуално да достави нов текст на уставните амандмани до Собранието најдоцна до 1 декември 2025 година. Парламентарната процедура би започнала веднаш потоа, со прво гласање до 15 декември 2025, додека финалното гласање за измените на Уставот е предвидено најдоцна до 10 февруари 2026 година.

Веднаш по усвојувањето на уставните измени, како што е наведено во резолуцијата, Владата треба да ја извести Европската комисија и земјите-членки дека обврската е исполнета и да побара одржување на Меѓувладина конференција на која ќе се отвори првиот кластер „Темелни вредности“ најдоцна до 15 февруари 2026 година.

Во документот се потврдуваат и „црвените линии“, односно доследно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ. Се инсистира македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ без дополнителни забелешки или фусноти.

„Република Северна Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка, вклучувајќи ги и уставните измени, со јасна определба дека тоа е последната пречка, без прифаќање на нови барања или прашања од билатерален или идентитетски карактер“, се наведува во документот.

Резолуцијата предвидува и механизам во случај на нови блокади поврзани со идентитетски прашања. Доколку се појават такви блокади, претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот со заедничко писмо би ги информирале највисоките претставници на ЕУ дека овие прашања се затворени.

Од СДСМ потсетуваат на претходни декларации и резолуции усвоени со консензус во Собранието, вклучително и Резолуцијата од 2021 година предложена од тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи ја потребата од проактивен пристап наместо чекање.

Предлог-резолуцијата ќе биде поднесена за усвојување во Собранието. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред десет дена изјави дека со нетрпение ја очекуваат резолуцијата за да можат да дадат свои инпут.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy