Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градоначалникот на Киев Кличко: Зеленски сега плаќа за грешките што ги направи
Македонија

Градоначалникот на Киев Кличко: Зеленски сега плаќа за грешките што ги направи

03/12/2023

AA

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски и рече дека по завршувањето на војната, сите политичари ќе треба да одговараат за грешките што ги направиле.

Луѓето се прашуваат зошто не се подготвивме подобро за оваа војна и зошто Зеленски до крајот негираше дека тоа ќе се случи, изјави Кличко во интервју за швајцарскиот медиум „20 минути“, пренесува Хина.

Има премногу информации кои не одговараат на реалноста, изјави педесет и двегодишниот поранешен светски шампион во бокс, обвинувајќи го украинскиот претседател за „грешки“.

Тој ги повика сите да бидат искрени за реалната ситуација во Украина по руската инвазија и посочи дека „Зеленски сега плаќа за грешките што ги направил“.

„Се разбира дека можеме еуфорично да ги лажеме нашите луѓе и партнери, но не можеме да го правиме тоа засекогаш“, рече Кличко и му понуди недвосмислена поддршка на украинскиот началник на Генералштабот, генерал Валериј Залужни, кој беше остро критикуван пред еден месец кога изјави дека војната дојде во ќор-сокак.

Кличко, сепак, смета дека Залужни ја кажал вистината, која „понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат“, а тој се изјасни против политичките игри во Украина, велејќи дека не треба да има внатрешни конфликти во земја која се бори за опстанок. поради што одби да зборува за своите планови.

„Претседателот денес има важна функција и ние мора да го поддржуваме до крајот на војната, но кога војната ќе заврши, секој политичар ќе треба да одговара за своите грешки“, рече Кличко.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
Македонија

Трагедија во Охридско: Работник паднал од бандера и починал

28/08/2026
Македонија

Возел со речиси двојно поголема брзина од дозволената: Возач од

28/08/2026
Македонија

ДУИ бара повторување на конкурсот за прием во полициско училиште:

28/08/2026
Македонија

СДСМ бара истрага за влезот на како што вели „српската

28/08/2026
Македонија

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45308
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy