Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОСТИТЕ ПОМАЛКУ ПИЕЛЕ И СПИЕЛЕ, А ПОВЕЌЕ ЈАДЕЛЕ, АМА ХОТЕЛИТЕ ГИ САКАЛЕ – охридскиот бисер „Хотели Метропол“ со одличен профит и здрави планови
Економија

ГОСТИТЕ ПОМАЛКУ ПИЕЛЕ И СПИЕЛЕ, А ПОВЕЌЕ ЈАДЕЛЕ, АМА ХОТЕЛИТЕ ГИ САКАЛЕ – охридскиот бисер „Хотели Метропол“ со одличен профит и здрави планови

16/04/2025

AA

Имале помалку гости од дома, но затоа хотелите ги посетиле
повеќе странци. Гостите помалку ноќевале и помалку се задржувале, а исто така и
помалку пиеле, но затоа повеќе јаделе од деликатесите подготвени во хотелите. Како и да е, успешните хотелиери оствариле пораст на добивката лани во споредба со
претходната година, а за оваа година очекуват уште подобри резултати, давајќи
голема надеж на туризмот базиран на договори со странски гости и групи, но и
на конгресниот туризам, како и свадбите и коктел забавите.

Станува збор за „Хотели метропол“, компанија чии
доминантен сопственик е шпедитерското акционерско друштво „Фершпед“, кое поседува дури 73,5 отсто
од фирмата што стопанисува со трите охридски хотели, и со која практично исто
така управува семејството Накови, чии претставници доминираат во директорскиот
борд на компанијата.

За 20 мај оваа година „Хотели метропол“ ќе одржи
акционерско собрание, на кое ќе треба да се носат повеќе одлуки, а ќе се
разгледува и извештајот за работењето на друштвото за минатата година, од кој
може детално да се согледа како работела компанијата во претходната година.

Лани „Хотели метропол“ регистрирале 6.907 домашни
посетители, што е пад за околу 18 отсто во однос на претходната година, но
затоа овие три хотели биле посетени од 19.687 странски посетители, што во однос
на претходната 2023 година е раст за дури 38 проценти.

Гледано заеднички, вкупниот број на посетители бил
зголемен за 17 проценти, но затоа е благо намален бројот на ноќевањата, но и
просечниот престој на гостите, кој лани изнесувал 2,11 дена, наспроти 2,55 дена
во 2023 и 2,88 дена во 2022 година.

За годинава се проектирани многу повеќе ноќевања, доколку
не настанат некои вонредни околности, а тоа би се постигнало преку алотмански
договори со ТУИ Холандија, ТУИ Велика Британија и КТМ Војаж Холандија, додека,
пак, во „Leasure“ сегментот (летните одмори) се проектира најзначајниот пораст на приходите
за оваа година. А, се планира да се зголемат и приходите од конгресниот
сегмент.

Хотелите лани оствариле приходи од 1,34 милиони евра од
храна, што е раст за 0,27 отсто.

Потоа, од ноќевања се слеале приливи од 1,41
милиони евра, и кај нив има раст за близу 9 отсто, што би значело дека во
услови на намалени ноќевања, веројатно има зголемување на цените, па затоа приходите од ноќевањата се повисоки.

И, приливите од пијалок
биле 360 илјади евра, што е намалување за 2 отсто, а сите други приходи имале
помало учество.

Работењето на компанијата лани сума сумарум било успешно
и донело чист профит од близу 500 илјади или прецизно 458 илјади евра.

Доминантниот акцинер „Фершпед“ не планира нив да ги
потроши за дивиденди, туку, според предлог одлуката што ја дава на гласање на
Собранието, сите овие средства планира да ги употреби за инвестиции во основни
средства.

Инаку, Собранието на 20 мај ќе го одобри работењето на членовите
на Одборот на директори за ланската година, односно на Драган Наков, кој е претседател
на Одборот на директори, Филип Мишевски, генерален директор, Сашо Наков, неизвршен член, како и Јелена Наков и Наташа
Милева, исто така неизвршни членови.

А, акционерите ќе гласаат и за стекнување со сопствени
акции со откуп, при што минималната
цена од која ќе се врши откупот на сопствените акции се утврдува на
100 денари за
една акција, а максималната на 1.0
00 денари за една акција.

Н.Н.Ф.

Фото: Хотел Метропол

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
Македонија

ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС

22/10/2026
Македонија

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА! Мицкоски пред

22/10/2026
Македонија

МИНАТО СЕ ХАОСОТ И ЗАПУШТЕНОСТА ВО ИКТ-СИСТЕМИТЕ НА ФОНДОТ НА

22/10/2026
Македонија

ОСЛОБОДЕНИ ОД ВИНА ОБВИНЕТИТЕ ЗА НАПАД ВРЗ ПЕНДИКОВ Нема докази

22/10/2026
Македонија

ГОДИНАВА ИЗВРШЕНИ 15 ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕГ Клековски потсети дека многу

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46323
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата очекува повеќе пари со ребалансот

22/10/2026

Народниот правобранител се соочува со финансиски тешкотии и има проблеми со исплатата на кириите за просториите во кои е сместена

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, А ПОТОА ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА

22/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека пред евентуалните уставни измени треба да се договори акцискиот план за малцинствата, кој би бил

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И ДА ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

22/10/2026

Очекувам сѐона што го имаме постигнато во процесот на испорака во Реформската агенда, во многу скоро време да биде валоризирано

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy