Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гевгеличанец лажно се претставувал како државен службеник, измамил граѓани за над 100.000 денари
Македонија

Гевгеличанец лажно се претставувал како државен службеник, измамил граѓани за над 100.000 денари

19/06/2023

AA

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 1 во врска со член 45 и кривично дело – Лажно претставување од член 391 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во временскиот период од 17.07.2022 година до 15.04.2023 година, во 6 наврати со умисла извршил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело. Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, јавувајќи се телефонски на повеќе лица и претставувајќи се по телефон како службено лице вработен во државни или инстутуции кои вршат работи од јавен интерес, со лажно прикажување на факти ги доведувал и ги држел во заблуда.

Потоа барал да му уплатат парични средства на различни начини, преку трети лица и прибавил за себе противправна имотна корист од 115.362 денари.

Така, на 17.07.2022 година осомничениот се јавил од Гевгелија на една оштетена од Кавадарци и лажно и се преставил дека е службено лице – Јавен обвинител од Скопје и дека може да и помогне за нејзиниот син за кој води постапка за кривично дело Тешка кражба доколку плати 300 евра. Оштетената по такси возило испратила 9.000 денари и 50 евра, по што и побарал уште 15.790 денари, но таа одбила да ги плати.

На 16.07.2022 и на 18.07.2022 година, осомничениот во два наврати се јавувал кај две различни жени од Кавадарци, им се претставил како службено лице – Раководител на Управата за јавни приходи и им кажувал дека за нив има Решение за наплата на долг на име неплатен данок. На жртвите им рекол дека може да се договорат доколку му платат определен износ, но тие провериле во УЈП во Кавадарци од каде им кажале дека немаат таков долг.

На 06.05.2023 година осомничениот се јавил телефонски на оштетена од Кавадарци и лажно и се преставил дека е службено лице – Раководител на Агенцијата за вработување на РСМ од Скопје и дека нејзиниот сопруг имал право, како вработен во фирма која отишла во стечај, по завршување на стечајната постапка да земе износ од 967.000 денари, но дека за да се спреми документацијата оштетената треба да му плати веднаш 7.200 денари. Жртвата му ги пратила парите во плик по автобус за Гевгелија, по што повторно и се јавил осомничениот и и кажал дека треба да му прати уште 5.900 денари, но оштетената одбила.

Потоа, на 20.05.2023 година осомничениот отишол на градските гробишта во Гевгелија каде сретнал една оштетена, на која и се претставил дека е службено лице – одговорен на АД Осигурување Скопје и и кажал дека нејзиниот сопруг плаќал животно осигурување во 2011 година и дека треба да и бидат исплатени 43.000 евра, но дека треба да плати 600 евра за да се изготви документацијата. Побарал парите да ги однесе во плик во слаткарница во Гевгелија од каде ги подигнал.

Во периодот од 13.06.2023 до 16.06.2023 година осомничениот се јавувал кај оштетена од Струмица, и се претставувал како службено лице – главен инспектор на Управата за јавни приходи во Струмица и и кажал дека за последните 4 години и 9 месеци имала затаен данок за плаќање во висина од 347.000 денари. За да може да биде затворено наводното затајување, од неа побарал да плати 150 евра, како 400 евра од книговодителот на оштетената за да не ја загуби лиценцата што не го пријавила данокот. Оштетената му платила по што на 16.06.2023 година повторно и се јавил и побрал уште 600 евра кои оштетената ги платила, со што ја навел да му исплати вкупна сума од 1.150 евра во денарска противвредност.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ

18/11/2026
Македонија

„СВЕТОТ НИ СЕ СМЕЕ, ТРПЕНИЕТО Е ПРИ КРАЈ“ Крива Паланка

18/11/2026
Македонија

ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ОХРИД СТАВЕН ВО УПОТРЕБА И ПОКРАЈ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ

18/11/2026
Македонија

КРАЈ ЗА РАМПИТЕ НА АВТОПАТИТЕ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ САМО ЗА ПОМИНАТАТА

18/11/2026
Македонија

ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ДВЕТЕ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА

18/11/2026
Македонија

КОРИДОР 10 ТРЕБА ДА ДОБИЕ „ПАМЕТНИ СИСТЕМИ“ ДО 2028 ГОДИНА

18/11/2026
Македонија

ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИМААТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПРОБЛЕМОТ

18/11/2026
Македонија

📽️ МЕЧКА СРЕДЕ ТЕАРЦЕ Надзорните камери ја фатија на прошетка

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46824
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ Тешко повреден 35-годишник од Струмица

18/11/2026

35-годишен маж од Струмица е тешко повреден, откако автомобил „Мерцедес“ што го паркирал сам се придвижил, удрил во него, а

„СВЕТОТ НИ СЕ СМЕЕ, ТРПЕНИЕТО Е ПРИ КРАЈ“ Крива Паланка поднесе кривични пријави против АХВ

18/11/2026

Општина Крива Паланка денеска поднесе неколку кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство поради непостапување по извршните решенија за одземање на

ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ОХРИД СТАВЕН ВО УПОТРЕБА И ПОКРАЈ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ Кривична за фирма и за

18/11/2026

Сопственик и управител на фирма од Кавадарци е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, откако хотелски комплекс во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy