Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ФОТО) СНЕЖНА ПРОЛЕТ ВО ГРЦИЈА: Обеле и Халкидики
Регион

(ФОТО) СНЕЖНА ПРОЛЕТ ВО ГРЦИЈА: Обеле и Халкидики

07/04/2025

AA

Студениот бран што синоќа ја зафати Грција доведе до врнежи од снег во неколку северни области.

Од утрово врнежи од снег се регистрирани во планинските и полупланинските предели на централна Грција, а врнежите се очекува да се прошират во поголем дел од земјата.

Спорадично невреме се предвидува на североистокот на Грција, додека попладне се очекува слабеење на времето во омилената земја на многу Срби.

Имено, како што пишува Прототема, во Солун утринава се забележани снежни бури во повеќе делови од градот, а падот на температурата особено ќе биде изразен во централните и северните предели.

Според прогнозите, од вторник, 8 април студено време ќе го зафати остатокот од Грција, додека мразови се очекуваат во повеќе делови од северот на земјата, главно во утринските и вечерните часови, до петок, 11 април.

Локално пороен дожд и невреме се предвидуваат до пладне на островите во источниот дел на Егејското Море, додека обилни врнежи се очекуваат во источна Тесалија, Споради и северна Евија.

Во планинските и полупланинските предели на Тракија и Македонија со надморска височина над 400 метри се очекуваат обилни врнежи од снег кои ќе траат до понеделник напладне. Снег повремено ќе паѓа и во рамничарските предели, особено во префектурата Еврос.

Падот на температурата ќе биде особено забележлив во Македонија и Тракија, додека во централна и јужна Грција студено време постепено ќе ги зафати овие региони во вторник и наредните денови.

Во Лерин, кој синоќа беше покриен со слој снег, денеска во 9:15 часот ќе бидат отворени училиштата според одлука на градоначалникот.

Во Солун снегот почна да паѓа нешто пред 2 часот по полноќ, додека во Касторија, Кожани и Драма има обилни врнежи од снег.

Обилни врнежи од снег се забележани на Халкидики, додека невреме со град е забележано во северниот дел на овој полуостров, особено во областите Палеохори и Мегали Панагија.

Б92

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат

21/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
Македонија

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри

21/11/2026
Македонија

ОД ПАД ОД 5 ДО РАСТ ОД 5,2 ОТСТО Опозицијата

21/11/2026
Македонија

ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Обвинителството бара

21/11/2026
Македонија

СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАПАЛИ ЌЕРКАТА И ВНУКАТА Истурил

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46871
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат одговорност и поголема безбедност за

21/11/2026

Со пораки против насилството врз жените, фемицидите и институционалното молчење, граѓани денеска излегоа на мирен протест во Охрид. „Ниту една

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски порача дека нема да се

21/11/2026

Жителите на Крива Паланка денеска излегоа на протест поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО Мицкоски најави почеток на изградбата

21/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека по јавната расправа е избрана една од двете разгледувани варијанти за трасата.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy