Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиска полиција со кривична пријава за злоупотреби во јавна набавка
Македонија

Финансиска полиција со кривична пријава за злоупотреби во јавна набавка

08/05/2026

AA

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата Н.И., Б.Г. во својство на управители на правни лица, против две правни лица, како и против пет лица вработени во Агенција за управување со одземен имот Ф.А., Г.А., П.К., Ф.Ј. и А.Б., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство” од член 275-в од КЗ на Република Северна Македонија.

Пријавените Н.И. и Б.Г., како управители на две правни лица, во текот на 2021 година свесно и со однапред утврдена намера ги повредиле прописите на постапката за јавен повик и доделување на договор за јавна набавка, со претходен договор и координирани дејствија ја нарушиле конкуренцијата во постапката за продажба на хаварисани возила – старо железо, организирана од Агенцијата за управување со одземен имот. Едниот правен субјект бил прикажан како формален конкурент, при што во текот на јавното наддавање била доставена понуда со намерна техничка грешка во нереален паричен износ, со што на останатите учесници им било оневозможено понатамошно наддавање.

Пријавените Г.А., П.К. и Ф.Ј., како членови на комисијата за спроведување на постапката, спротивно на законските одредби предвидени во Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, а врз основа на подзаконски акт и правно мислење изготвено од А.Б., свесно помогнале во реализација на оваа договорена шема и овозможиле склучување договор за продажба на одземени хаварисани моторни возила како старо железо помеѓу Агенцијата за управување со одземен имот, претставувана од Ф.А., и правниот субјект управуван од Н.И. со што на правниот субјект му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист во износ од 2.128.352 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy