Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филмска сцена во Центар: Тинејџер со „Порше“ пресретнат од вооружена група, удрил во камион додека бегал
Македонија

Филмска сцена во Центар: Тинејџер со „Порше“ пресретнат од вооружена група, удрил во камион додека бегал

14/12/2025

AA

Вистинска драма се одвивала синоќа, десет минути по полноќ, во строгиот центар на Скопје. Деветнаесетгодишно момче кое управувало луксузен автомобил „Порше“ било мета на вооружен напад, кој завршил со оштетени возила и бегство.

Случајот во полиција го пријавил самиот возач, А.Б. (19) од Скопје, рано утринава во 04:20 часот.

Според пријавата, инцидентот се случил околу 00:10 часот. Додека тинејџерот го управувал своето „Порше“ со скопски таблички, патот ненадејно му го попречиле две други возила.

Од автомобилите излегле неколку лица кои веднаш упатиле закани кон него, вперолувајќи огнено оружје – пиштол. Еден од напаѓачите со рачката од пиштолот удрил по автомобилот на жртвата и го скршил ветробранското стакло.

Во обид да се спаси од напаѓачите и да избега од местото на настанот, А.Б. со своето возило удрил во паркирано товарно возило, по што успеал да го напушти местото.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека случајот е пријавен и дека полициски екипи преземаат мерки за идентификување на напаѓачите и целосно расчистување на овој насилен инцидент.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy