ФИЛИПЧЕ ГО НАВРЕДИ МИЦКОСКИ НАРЕКУВАЈЌИ ГО „КОМПЛЕТЕН ИДИОТ“ Нервозна реакција и кон Платформата 12.05 – да му се тргнела од патот зашто ќе ja згазел како шлепер жаба
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска го невреди премиерот Христијан Мицкоски нарекувајќи го „комплетен идиот“ и обвинувајќи го дека ја изолира Македонија на патот кон ЕУ.
– Не знам дали сте свесни каква тежина политичка има овој момент во којшто после 30 и кусур години ние сме во ќорсокак за Европа. По желба лична на Христијан Мицкоски. Дали сте свесни дека има јасен чист пат за 4 земји и нас таму нè нема. До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји и членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема. При тоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договори. Па сега зборува некои будалаштини, Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен? Да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓето се наивни? Што сака да постигне? – рече Филипче.
Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, Филипче упати порака до Мицкоски да размисли за последиците од своите одлуки.
– На Христијан сакам да му порачам, нека размисли добро, ако треба и нека не спие вечер, за тоа што ќе ѝ каже на Урсула фон дер Лајен? И да не си игра со иднината на земјата, затоа што може да му судат следните генерации – додаде Филипче.
Филипче упати директни критики кон Игор Ивановски и Славјанка Петровска кои сега се дел од Платформата 12.05, која бара оставка од него. Тој го доведе во прашање нивниот кредибилитет да предлагаат како треба да се води партијата.
– Нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги згазам како шлепер жаба, да ги потсетам на нешто од нивното време – рече Филипче.
.
Извор: plusinfo.mk