Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор
Економија

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор

20/09/2024

AA

Повеќето европски производители на автомобили денеска официјално побараа „итни мерки за олеснување“ во Брисел за да се соочат со построги регулативи за емисиите на јаглерод диоксид во 2025 година, кои тие веруваат дека не можат да ги исполнат, особено поради падот на продажбата на електрични возила.

Европската асоцијација на производители на возила (ACEA), која повеќе не ја вклучува групата Stelantis, „ги повикува европските институции да предложат итни мерки за олеснување пред да стапат на сила новите правила за јаглерод диоксид за автомобили и комбиња во 2025 година“, се наведува во соопштението.

Благодарение на ширењето на електричните возила и подобрувањето на моторите на класичните автомобили, производителите досега ги почитуваа стандардите наречени CAFE (Corporate Average Fuel Economy), според кои се обврзани, под закана од високи казни, да го почитуваат годишниот просек на емисиите по продадено возило.

Намалување на продажбата на електрични возила

Сепак, поради континуираниот пад на продажбата на електрични возила од крајот на 2023 година (12,6 отсто од продажбата во Европа во последните 12 месеци во споредба со 13,6 отсто една година порано), исполнувањето на тој услов е комплицирано.

Производителите најавија дека учествуваат во транзицијата и електрификацијата на возилата, но дека немаат основни услови да го стимулираат производството и да доведат до прифаќање возила со нула емисија на штетни гасови. Тие ја наведоа инфраструктурата за полнење и дистрибуција на водород, конкурентна производствена средина, прифатлива зелена енергија, фискални стимулации и помош за купување и безбедно снабдување со основни производи, водород и батерии.

Како што истакнаа, со оглед на овие недостатоци, гледаат дека ги чекаат обесхрабрувачки казни од неколку милијарди евра, кои, додаваат, подобро би биле потрошени во транзицијата кон јаглеродна неутралност.

Вториот по големина европски производител на автомобили, Stelantis, го поддржа влегувањето во сила на новата норма во неделата.

„Сите ги знаат прописите одамна, сите имаа време да се подготват и затоа сега сме во игра“, изјави Карлос Таварес за Франс прес.

Според одредени медиуми, АЦЕА побарала од Европската комисија да ги одложи новите, зајакнати регулативи за две години.

Форбс.рс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, НА СИЛА Е ЖОЛТ

18/11/2026
Македонија

НА НОВОРОДЕНЧЕ МУ НАНЕЛЕ ИСЕКОТИНА НА ПРСТЕТО ПРИ ВАДЕЊЕ ИНФУЗИЈА

18/11/2026
Македонија

Посетата на поранешна актерка во филмови за возрасни на Омејадската

18/11/2026
Македонија

ЗОШТО ПЕНДАРОВСКИ НЕ ГО ПОТПИШАЛ ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА?

18/11/2026
Македонија

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА УСПЕАЛА ДА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000

18/11/2026
Македонија

ЗЕЛ 500 ЕВРА ПОТКУП ЗА ДА ИЗДАДЕ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА

18/11/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 9 ВЕЛЕШКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ „РОСИЦА“

18/11/2026
Македонија

Дарко Костовски се соочува со кривична пријава за паркот во

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46835
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СИЛНИОТ ВЕТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, НА СИЛА Е ЖОЛТ МЕТЕОАЛАРМ Внимателно покрај дрвја, стари

18/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во

НА НОВОРОДЕНЧЕ МУ НАНЕЛЕ ИСЕКОТИНА НА ПРСТЕТО ПРИ ВАДЕЊЕ ИНФУЗИЈА Од Гинекологија префлено е на

18/11/2026

Новороденче во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) добило посекотина на прстот откако една медицинска сестра му ја вадела инфузијата,

Посетата на поранешна актерка во филмови за возрасни на Омејадската џамија предизвика полемики во Сирија

18/11/2026

Посетата на поранешната шпанска актерка во филмови за возрасни, Амарна Милер, на Сирија предизвика широка дебата на социјалните мрежи, откако

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy