Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европскиот фронт бара потписи за уставни измени
Македонија

Европскиот фронт бара потписи за уставни измени

27/04/2026

AA

Пратениците од коалицијата Европски фронт започнаа формална иницијатива за собирање на најмалку 30 потписи од колегите во Собранието со цел да се покренат уставните измени, повикувајќи ги сите политички партии без разлика на припадноста на власта или опозицијата да ја поддржат оваа стратешка определба.

Според Блерим Беџети од ДУИ, државата веќе две години се соочува со целосна блокада во евроинтеграциите додека соседите како Црна Гора и Албанија бележат напредок, со што Северна Македонија ризикува трајно да заостане доколку не се донесе државничка одлука за продолжување на европскиот пат.

Тој упати специфичен повик до коалицијата Вреди да ги реализира своите предизборни ветувања пред граѓаните, нагласувајќи дека нерешавањето на овој статус ги загрозува темелите на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство. Наспроти ова, од коалицијата Вреди ваквиот потег го оценија како несериозна и самосаботирачка пародија, тврдејќи дека е навредливо за европските вредности кога за нив зборуваат лица со контроверзно политичко минато.

Тие нагласуваат дека Владата е фокусирана на Реформската агенда која веќе е препознаена во Брисел како посериозен пристап кон интеграциите.

Оваа иницијатива се појавува во период на различни толкувања за напредокот на земјата, каде известувачот во ЕП, Томас Вајц, забележува стагнација во реформите, додека премиерот Христијан Мицкоски тврди дека официјалните извештаи се спротивни на таквите критики.

Истовремено, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази подготвеност за дијалог со Бугарија, потврдувајќи го контактот со Румен Радев и надежта дека политичката стабилност во Софија ќе овозможи суштински разговори меѓу двете држави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy