Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европската централна банка намали три клучни каматни стапки
Македонија

Европската централна банка намали три клучни каматни стапки

06/03/2025

AA

Европската централна банка (ЕЦБ) намали три клучни каматни стапки за 25 базични поени, така што каматната стапка на депозитите сега е 2,5 отсто, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е 2,65 отсто, а каматната стапка на маргиналната кредитна линија е 2,9 отсто.

Овие промени, кои се во согласност со очекувањата на пазарот, ќе стапат на сила на 12 март, а добиените информации покажуваат дека процесот на постепен пад на инфлацијата е „на добар пат“, се вели во соопштението.

Монетарната политика станува значително помалку рестриктивна, намалувајќи ги трошоците за задолжување за претпријатијата и домаќинствата.

Банката прогнозира дека просечната инфлација во еврозоната ќе изнесува 2,3 проценти и ќе падне на 1,9 проценти во 2026 година, пред повторно благо да се зголеми на два проценти во 2027 година.

Прогнозата за 2025 година е ревидирана нагоре во однос на претходната проценка, што одразува посилна динамика на цените на енергијата.

Европската централна банка смета дека основната инфлација во еврозоната ќе биде 2,2 отсто во 2025 година и ќе падне на 2 отсто во 2026 година и 1,9 отсто во 2027 година.

Прогнозите за економски раст на еврозоната се ревидирани надолу на 0,9 отсто во 2025 година и 1,2 отсто во 2026 година, како одраз на слабиот извоз и инвестиции.

Банката очекува раст на економијата на еврозоната за 1,3 отсто во 2027 година, а оваа проценка не е променета во однос на претходниот извештај.

Управниот совет на ЕЦБ не се обврзува однапред на одреден курс на каматни стапки и неговата понатамошна монетарна политика ќе зависи од добиените податоци, се додава на веб-страницата на Европската централна банка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ФАТЕН МОМЕНТОТ КОГА ЗАЕВ СЕ „ВРАТИ ДОМА“ Некој „до

21/04/2026
Македонија

Откриена кражба на струја од над 22.000 евра на Попова

21/04/2026
Македонија

Храбри битолчани спасија златен ретривер од надојдените води на реката

21/04/2026
Македонија

СЕ ЗАПИШУВАЛЕ НА МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ БЕЗ ДА ЗАВРШАТ ФАКУЛТЕТ Министерката

21/04/2026
Македонија

Јаневска го чека извештајот за нерегуларности при уписот на магистерски

21/04/2026
Македонија

53-ГОДИШНИК НАПАДНАЛ 16-ГОДИШНИК Влегол во паркиран автомобил па го удирал

21/04/2026
Македонија

Вечерва во „Ноќно студио“ Ивон Величковски

21/04/2026
Македонија

ВИДЕО Пронајдена лабораторија за канабис во Аеродром: Уапсен 50-годишен скопјанец

21/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42711
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕЦБ ги намали каматните стапки за 25 базични поени

05/06/2025

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали своите три клучни каматни стапки за 25 базични поени во четврток, во согласност со

Подгответе готовина за три дена, банките и картичките може да не работат – предупредување за

22/05/2025

Централната банка на Холандија упати предупредување до граѓаните: секое домаќинство треба да има парична резерва најмалку три дена, во случај

ВИДЕО Полскиот европратеник полуде – погледнете што направи со знамето на Европската унија

08/05/2025

При посета на државна институција во Катовице, Полска, Гжегож Браун го забележал знамето на Европската унија во ходникот. На контроверзниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy