Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ЗАПИШУВАЛЕ НА МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ БЕЗ ДА ЗАВРШАТ ФАКУЛТЕТ Министерката Јаневска чека извештај од Филозофскиот факултет
Македонија

СЕ ЗАПИШУВАЛЕ НА МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ БЕЗ ДА ЗАВРШАТ ФАКУЛТЕТ Министерката Јаневска чека извештај од Филозофскиот факултет

21/04/2026

AA

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), кој при извршен надзор констатирал нерегуларности при упис на студенти на магистерски и на докторски студии.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот и таа чека извештај по што ќе донесе конечно решение во врска со случајот.

– Констаторани се нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски, туку за упис на втор и на трет циклус студии. Државниот просветен иснпекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информира Факултетот, кој треба да постапи. Колку што ми е познато, Факултетот постапува и јас го чекам конечниот извештај за кога ќе помине рокот за постапување, како министер овластен во оваа област да го донесам и конечното решение – изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на настанот „Зеленикс – од предизвик до иновација“, организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво – ИНОВА.

Порталот МКД.мк објави дека студенти без завршени додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии, односно не биле исполнети условите од Законот за високото образование. Тоа било откриено од Државниот просветен инпекторат и на запишаните студенти им биле прекинати студиите.

Станува збор за десетина запишани студенти на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите, а тие сега бараат враќање на парите што ги дале за упис на втор, односно трет циклус студии.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy