Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истанбул станува водечка светска конгресна дестинација
Македонија

Истанбул станува водечка светска конгресна дестинација

06/03/2025

AA

Истанбул се издигна како водечки играч на меѓународниот пазар на конгреси, привлекувајќи значајни конференции и корпоративни настани. Со своите современи конгресни центри, премиум хотелски синџири и иновативни урбани развојни проекти, Туркије ја зацврстува својата водечка позиција во индустријата.

Покрај богатата историја и уникатна местоположба, Истанбул додава уште еден адут во  својата туристичка понуда, создавајќи нови стандарди во современиот конгресен туризам. Минатата година 23 милиони туристи го посетиле Истанбул, со што градот е на второто место на листата на десет најпосетувани градови во светот. Разновидното богато културно историско минато и спојот на истокот и западот, Michelin-star ресторани, живописен ноќен живот и луксузен шопинг, се само дополнителен атрибут на конгресниот туризам во Истанбул.

Во насока на зајакнување на позициите и градење на можности за континуиран раст, беше иницирана соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, која ги обединува клучните фактори од овој сектор. Целта на оваа соработка е унапредување на процесот на аплицирање, зголемување на учеството на делегати и обезбедување сеопфатни пакети за поддршка на меѓународните конгреси во Истанбул и во другите атрактивни туристички локации во Туркије.

Оваа иницијатива е предводена од Министерството за култура и туризам, Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Туркије (TGA), Општина Истанбул, Стопанската комора на Истанбул, Бирото за конвенции и посети на Истанбул (ICVB), Turkish Airlines, Pegasus Airlines, Хотелската асоцијација на Туркије (TUROB), како и двата најголеми аеродроми во градот – ИГА Истанбул и Сабиха Гокчен (SAW).  Клучен аспект на оваа иницијатива е најавената Јавна и приватна декларација на индустријата, формален ангажман на сите партнери за активно привлекување, поддршка и олеснување на организирањето на значајни меѓународни конгреси во Истанбул. Оваа декларација ја нагласува посветеноста за создавање деловна и пријателска средина за динамичен развој на оваа специфична туристичка гранка во Истанбул и Туркије.

Оваа соработка се фокусира на креирање на сеопфатен пристап за конгресниот туризам, нудејќи им на организаторите целосна поддршка. Во рамките на новиот пристап предвиден е поедноставен и унифициран процес на аплицирање, промоција и поддршка при маркетинг кампањи за зајакнување на имиџот и видливоста на конгресите и зголемување на бројот на учесници и пакети за поддршка, односно финансиски и логистички стимулации и зголемување на атрактивноста на Истанбул како светски центар за оваа индустрија.

Истанбул не е единствена дестинација кој нуди уникатни можности за конгресен туризам. Иновативниот пристап, солидната инфраструктура и одличните туристички капацитети ги позиционираат високо на листата на локации за конгресен туризам и другите центри во Туркије, како Анталија или луксузниот Бодрум и други локации низа целата земја.

Сончевата Анталија со повеќе од 300 хотели со пет ѕвезди, преку 175.000 конгресни седишта, значајна туристичка инфраструктура и природно историски знаменитости е домаќин на бројни меѓународни конференции. Токму во Анталија се одржа еден од најпрестижните собири во светот Самитот Г20.  Не помалку атрактивна локација е луксузниот Бодрум каде покрај другата понуда, градот изобилува со одлични инфраструктурни можности за конгресен туризам и голема туристичка понуда од која се издвојуваат плажите. Рангиран како град со највисок квалитет на живот во Туркије, Измир, покрај  богата историја и исклучителна кулинарска сцена, има одлични можности и за конгресен туризам. Кападокија или нереалната убавина од соништата е вистински избор за оние кои сакаат во деловното патување да го вклучат и уникатното искуство на овој предел. Хотелите во Кападокија нудат незаборавен амбиент за интимни состаноци и ексклузивни корпоративни одмори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy