Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КАКО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Професорот Јовановиќ со песимистичка прогноза
Економија

ЕВЕ КАКО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Професорот Јовановиќ со песимистичка прогноза

11/11/2024

AA

Победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неминовно ќе се одрази негативно и на македонската економија, околу тоа не треба да има никаква дилема, оценува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од реномираниот Виенски институт за меѓународни економски студии.

Во изјава за МИА, Јовановиќ посочува дека главното ветување на Трамп во кампањата за воведување на царини на сите производи што се увезуваат во Америка, и тоа 60 проценти за Кина и 20 проценти за останатите држави, ќе доведе до „трговска војна“, односно ќе ги натера и другите земји да воведат царини за Америка што ќе ја намали глобалната трговија. 

– ММФ неодамна процени дека ова може да го чини светот 7 трилиони долари (7 проценти од светскиот БДП), што е огромен износ. Ако такво нешто се случи, нема шанси Македонија да не биде погодена, и покрај тоа што извезува многу малку во Америка, вели Јовановиќ. 

Другиот главен канал преку кој Трамп ќе влијае на глобалната економија, според Јовановиќ, е неизвесноста што тој ја носи на геополитички план, односно не се знае дали ќе ја поддржи Украина, дали ќе излезе од НАТО, дали ќе прави тензии со Кина што неминовно ќе влијае и на глобалната економија.

– Единствената сигурна работа со него е дека ќе биде несигурно. Не знаете дали ќе ја поддржува Украина, не знаете дали ќе излезе од НАТО, не знаете дали ќе ги уценува европските држави да купуваат повеќе оружје од Америка за да остане Америка во НАТО, не знаете дали ќе почне војна со Иран, не знаете дали ќе прави тензии со Кина… Светот и до сега не беше многу извесно место, ама сега може да се претвори во тотален хаос. Тоа неминовно ќе влијае и на економските движења, пред сѐ на инвестициите, затоа што инвеститорите сакаат сигурност, сакаат да знаат што ќе се случува, нагласува Јовановиќ. 

Ветувањето на Трамп дека ќе протера 10 милиони доселеници од Америка, доколку се реализира, според Јовановиќ, не само што ќе се одрази врз американската економија, туку ќе го погоди и европскиот континент. 

– Ако навистина почне со тоа, не само што може да настане хаос таму, туку и државата ќе остане без работници, што негативно ќе се одрази на нивната економија. Се очекува истото да почне да се случува и во Европа, каде екстремната десница дополнително ќе зајакне, што силно ќе го погоди стариот континент, кој е уште позависен од имигранти отколку Америка, појаснува Јовановиќ за МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44755
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026

Вкупно 73 граѓани вчера побарале медицинска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат од надлежните служби. Во Општата болница

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy