ДВАЈЦА БЕСНЕЕЛЕ ВО КАЗИНО, НЕКОЛКУ ГОСТИ ЗАВРШИЈА НА КЛИНИКА Гаѓале жена со мобилен, активирале ПП-апарат
Во СВР Скопје рано изутринава е пријавено дека во казино на подрачјето на Кисела Вода, две лица ги вознемирувале гостите во објектот. Едниот од нив фрлил мобилен телефон кон едно женско лице, но не ја погодил.
Исто така, според пријавеното, лицата оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати, при што неколку лица – гости и вработени, поради проблеми со дишењето биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.
СВР Скопје вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
.
Извор: plusinfo.mk