ПОЧИНА 70-ГОДИШЕН МАЖ ОД АЕРОДРОМ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Десетта жртва на вирусот
Mаж на возраст од 70 години викендов почина од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, каде се лекувал повеќе од 50 дена.
Починатиот е од скопската населба Аеродром.
Според директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, во моментот се хоспитализирани 7 пациенти, од кои двајца се во критична состојба.
Пред 3 дена во болницата беше регистриран нов случај на заболен со што бројот на пациенти на клиниката кои досега оваа сезона се лекуваа од западнонилска треска изнесува 68.
.
Извор: plusinfo.mk