Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА Е НАМАЛЕНА ЗА САМО 57 ДЕНАРИ“: Тренчевска ја нападна новата кошничка на Владата
Економија

„СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА Е НАМАЛЕНА ЗА САМО 57 ДЕНАРИ“: Тренчевска ја нападна новата кошничка на Владата

11/11/2024

AA

Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај. Нашите граѓаните секојдневно се борат со високите цени, вели поранешната министерка за Труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

„Мерката на Владата со замрзнување на маржите или така наречената есенска кошничка не даде никаков ефект и цените не се намалија. Државниот завод за статистика го потврди тоа, цените на мало во месец октомври се намалиле само 0.1%. 

Синдикалната кошничка пак е намалена за само 57 денари. Состојбата на терен, во маркетите којашто граѓаните ја гледаат секој ден е најголем доказ за тоа. Белиот леб и натаму се продава по 33 денари. Тестенините намалени за 1 денар а цената на зејтинот од 78 се зголеми на 87 денари. Истото е и со млекото и млечните производи. 

Споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека платите се намалија за 1.000 денари. 

Кристално јавно е дека Владата задоцни и спроведе мерка којашто се покажа недобро осмислена, погрешна и неефикасна. Освен трговците кои имаат корист, граѓаните не ни почувствуваа дека постои мерка за намалување на цените ниту некаква кошничка. 

Но, наместо да се откаже од нови погрешни мерки, го слушаме премиерот Мицкосски како најавува нова нова кошничка. Овој пат ноговоридшна, којашто ќе ги намали цените пак за 0.1%. Ова е крајно навредувачки и потценувачки за граѓаните. Власта покажува голема неспособност и води политика на инает врз грбот на народот. 

Предлог Законот предложен од СДСМ за укинување на ДДВ на храната е вистинско и одржливо решение кое власта требаше да го прифати а не го игнорира. 

Со Укинување на ДДВ на храната на основните производи ќе поевтинат веднаш 250 категории производи. Реална заштеда кај граѓаните и до 2.000 денари што значи повеќе пари во нивните џебови. Дополнително, воопшто нема да биде товар за компаниите и трговците не може да ја изиграат. 

Игнорирањето на Владата на Мицкоски на ова добро решение е игнорирање на потребите на граѓаните и нивниот животен стандард. 

Граѓаните не треба да бидат жртви на политичкото его на Мицкоски. 

Бараме Владата да се откаже намерата од нови мерки со 0.1% ефикасност и да го прифати законското решение на СДСМ за намалување на ДДВ на храната. 

Помислете малку на луѓето кои секојдневно врзуваат крај со крај“, вели таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија или еднаш Канада

12/06/2026

Додека глобалните пазари сè уште ги сумираат ефектите од историското излегување на SpaceX на берзата во јуни 2026 година, споредбите

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје за речиси пет минути

12/06/2026

Во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, организирана од здружението „Go Green“, медиуми и учесници најпрво патуваа со

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

12/06/2026

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy