Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КАДЕ БИЛ ГЕЈТС ГИ ВЛОЖУВА СВОИТЕ ПАРИ: Ова е иднината
Економија

ЕВЕ КАДЕ БИЛ ГЕЈТС ГИ ВЛОЖУВА СВОИТЕ ПАРИ: Ова е иднината

04/09/2023

AA

Повеќето луѓе не знаат како земјоделството придонесува за климатските промени, особено кога станува збор за емисиите на метан од добитокот и ѓубривата.

Во подкастот „Unconfuse me“, мултимилијардерот Бил Гејтс повторно зборуваше за, како што рече, скриеното влијание на месото врз животната средина и во таа прилика изјави дека верува оти иднината е во месото од растително потекло.

Тој смета дека повеќето луѓе не знаат како земјоделството придонесува за климатските промени, особено кога станува збор за емисиите на метан од добитокот и ѓубривата, пишува Biznisinfo.ba.

Тој разговараше за влијанието на земјоделството врз животната средина со музичарот и режисер Ахмир Томпсон, познат како Questlove, кој исто така инвестираше во неколку стартапи за храна од растителна основа.

Квестлав му рекол на Гејтс дека компанијата „Impossible“ произведува стек од зеленчук со сирење, кој е омилен и на поранешниот американски претседател Барак Обама. Тој истакна дека го освоило тоа што храната од растително потекло има вкус на вистинско месо.

Земјоделството сочинува 24 отсто од вкупните светски емисии на стакленички гасови. Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина на САД, главно се работи за емисии на метан од добиток и ѓубривата.

Повеќето гасови, вклучувајќи го и метанот, се произведуваат за време на производството на говедско месо. На глобално ниво, од 99 грама говедско месо се ослободуваат 50 килограми штетни гасови. Во 2018 година, Гејтс напиша: „Ако добитокот беше земја, тие ќе беа третиот најголем испуштач на стакленички гасови“.

Во својата книга од 2021 година, „Како да се избегне климатска катастрофа“, тој напиша дека ефикасна борба против климатските промени ќе бара подготвеност да се посветиме на нови работи, како што се електрични возила и синтетичко месо.

Во тоа време, тој тврдеше дека богатите земји имаат ресурси потребни за да се префрлат на 100 отсто синтетичко говедско месо. Тој е на мислење дека вкусот на ова месо ќе станува се подобар и подобар.

Месото од растително потекло сочинува мал дел од вкупниот пазар на месо. Гејтс е свесен дека ќе биде тешко да ги убеди луѓето да престанат да јадат вистинско месо. Една од причините е и фактот што растителното месо е поскапо.

Затоа преку својата фондација поддржува стартапи за одгледување на растително и лабораториско месо.

Пословни.хр

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45871
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy