Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еве ги деталите за новите правила за добивање германско државјанство
Македонија

Еве ги деталите за новите правила за добивање германско државјанство

20/01/2024

AA

Странците треба да можат побрзо да добијат германско државјанство, но под одредени услови. Бундестагот вчера го прифати соодветниот предлог-закон. Што содржи? Детали пренесува Дојче веле.

Германскиот парламент (Бундестаг) вчера прифати реформа со која владата сака да овозможи побрзо стекнување на германско државјанство под одредени услови. Еве ги главните точки на прифатениот закон:

Рок за добивање државјанство

Странците кои сакаат германско државјанство во моментов можат да го добијат најрано по осум години легален престој во земјата. Тој период треба да се скрати на пет години, а во случај на „посебни достигнувања во интеграцијата“ на три години. Под „постигнувања“ се подразбира, на пример, добро познавање на германскиот јазик, доброволно општествено ангажирање или многу добри резултати на училиште или на работното место, пренесува ДВ.

Двојно државјанство

Мигрантите во принцип треба да можат да имаат двојно државјанство во иднина. Досега, апликантите за германски пасош прво мораа да се откажат од претходното државјанство. Ова не важи за граѓаните на другите членки на ЕУ и на Швајцарија, кои веќе можат да имаат две државјанства.

Сојузната влада верува дека многу луѓе се двоумеле да аплицираат за германски пасош затоа што, со откажувањето од постојното државјанство, се плашеле дека ќе ги загубат врските со нивната татковина или со семејството што сѐ уште живее таму.

Германско државјанство за деца

Децата на странски родители, родени во Германија, во иднина би требало безусловно да добиваат германско државјанство доколку барем еден родител легално живеел во Германија повеќе од пет години. Во моментов тој мандат е осум години. Во принцип, децата родени во Германија треба да добијат и германско и државјанство на нивните родители и можат трајно да ги задржат и двете.

Познавање на германски јазик

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy