Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ ќе ги искористи приходите од замрзнатите руски средства за помош на Украина
Македонија

ЕУ ќе ги искористи приходите од замрзнатите руски средства за помош на Украина

22/03/2024

AA

Европската унија би можела да ги искористи приходите од замрзнатите руски средства за да и помогне на Украина во рок од неколку месеци, како дел од планот што вклучува купување оружје за Киев, изјавија лидерите на ЕУ во четвртокот.

Лидерите на 27-те земји-членки на блокот на состанокот во Брисел се договорија да продолжат да работат на планот, кој оваа недела го презентираше Европската комисија.

Овој договор е постигнат по едногодишни преговори за руски имот во вредност од 190 милијарди евра, пренесува „Гардијан“.

Според планот, 90 отсто од вкупните приходи ќе бидат наменети за воени трошоци, а останатите 10 отсто за обнова на Украина по војната.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека првата милијарда евра од шемата може да се исплатат веќе на 1 јули.

– Можеме да очекуваме да собереме околу три милијарди евра за 2024 година, а слична сума во наредните години – изјави Фон дер Лајен.

Патот за договорот беше отворен откако првобитната формулација беше променета поради противењето на Унгарија со парите што се користат за вооружување на Украина.

Комисијата процени дека профитот од средствата – различни хартии од вредност на руската централна банка и готовина – може да биде помеѓу 2,5 милијарди евра (2,73 милијарди долари) и 3 милијарди евра годишно.

Германија и Франција изразија силна поддршка за планот.

– Овој приход пред се треба да се искористи за купување на она оружје и муниција што и се потребни на Украина за одбрана – изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Сообраќајна несреќа кај „Џевахир Мол“ во Аеродром: Верижен судир

04/05/2026
Македонија

Почина Рамуш Муарем, новинар и гласен борец за правата на

04/05/2026
Македонија

Муцунски: Регионот и ЕУ бараат решение за летниот метеж на

04/05/2026
Македонија

Скопјанка пријавила сограѓанка која носела повредено новороденче!

04/05/2026
Македонија

Тетовчанка лажела маж од Косово дека е бремена, тој и

04/05/2026
Македонија

Осум часа по пожарот цело Скопје смрди на чад

04/05/2026
Македонија

Јаневска: Поништени дипломи на УКИМ и на Славјанскиот универзитет, случаите

04/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се

04/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy