Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ потрошил повеќе од 50 милиони евра за купување струја
Економија

ЕСМ потрошил повеќе од 50 милиони евра за купување струја

31/07/2023

AA

АД „Електрани на Северна Македонија“, минатата година купила електрична енергија од слободниот пазар како надополнување за недоволното производство во висина од 51 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај објавен на „Македонска берза“.

Преку фирмата-ќерка ЕСМ Продажба од приватните снабдувачи биле купена увозна струја за сума од 3.136.935.000 денари во 2022, што во најголем дел се должи на високите цени за време на енергетската криза. Само една година претходно, трошоците на ЕСМ Продажба изнесувале 1.857.283.000 денари. Разликата за една година е 20,8 милиони евра.

Од друга страна, приходите на ЕСМ Продажба, главно од продавање на ноќни произведени вишоци насочени кон приватните снабдувачи, изнесуваат 2.468.388.000 денари, или 40 милиони евра, што е многу подобар резултат за една година.

Според логиката на ревизорскиот извештај, ЕСМ Продажба годината ја завршил со загуба од 11 милиони евра, па останува необјаснето каде АД „Електрани на Северна Македонија“ ја виде добивката кај фирмата-ќерка. Во април годинава произведувачот објави дека ЕСМ Продажба ја заврши 2022 година со добивка од 302 милиони денари или околу 5 милиони евра. Единствено логично објаснување би можеле да бидат огромните субвенции кои ги издвои Владата за енергетската криза.

„И во услови на енергетска криза имавме ноќни вишоци на енергија и токму поради зголеменото производство можеше да се врши продажба на истата преку ЕСМ Продажба и да се остварат дополнителни приходи“, објави тогаш АД ЕСМ.

„ЕТМТ“, „Дуферко“, „Данске“, „ГЕН-И“ и „ЕФТ“ беа најголемите снабдувачи од кои ЕСМ купуваше и на кои им продаваше електрична енергија. Компанијата тврдеше дека сите набавки и продажби се вршат на транспарентен начин. Најголемиот дел од трансакциите лани се одвиваа во месеците ноември и декември.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy