Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ Е ЛЕСНО ДА СЕ БИДЕ ХОТЕЛИЕР ВО МАКЕДОНИЈА – еве какви бројки испорачаа врвните хотелски имиња во првото полугодие
Економија

ДАЛИ Е ЛЕСНО ДА СЕ БИДЕ ХОТЕЛИЕР ВО МАКЕДОНИЈА – еве какви бројки испорачаа врвните хотелски имиња во првото полугодие

31/07/2023

AA

Податоците за работењето во првите шест месеци од
годинава ги објавија голем број котирани компании на Берзата, а меѓу нив се и
компаниите кои управуваат со хотелиерското работење во земјава.

Билансите на успех говорат дека одредени хотелски
капацитети го вратија сјајот во своето работење и бележат позитивни финансиски
резултати и зголемување на добивката, додека, пак, има и такви акционерски
друштва кои се уште се соочуваат со негативни финансиски резултати.

Како еден од позитивните примери ќе го издвоиме
„Македонијатурист“, најголема хотелиерска
компанија во државава.

Поседува шест хотели, а четири од нив работат. Лани
во март стартуваше со работа целосно реновираниот хотел со пет ѕвезди „Холидеј Инн“, а во функција во април лани беше
пуштен и „Хотел Карпош“ кој не работеше поради кратење на трошоци од ковид рестрикциите.Во функција се
уште хотелите „Бест Вестерн“ во центарот на Скопје и „Белви“ во непосредна
близина на автопатот Скопје – Куманово.

Најголеми
акционери во „Македонијатурист“ се нејзиниот долгогодишен директор ипретседател на Управен одбор Доне Таневски кој
поседува 19,6 отсто од акциите и Соња Бибановска, член на Управниот одбор со
11,3 отсто од акциите. Доне Таневски неодамна се повлече од
директорското место и сега е претседател на Надзорниот одбор на компанијата.

Во првото полугодие
од годинава „Македонијатурист“ оствари профит од многу солиднии 638 илјади
евра, што е раст од 46 отсто во однос на истиот период лани.

Оттаму во своето
образложение на Билансот на успшех велат дека друштво компанијата, во шесте
месеци од 2023 година, од пружените хотелски и ресторански услуги како основна
дејност, како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат
односно по оданочување добивка од 39,26 милиони денари, што е рамно на 638
илјади евра.

„Вкупните приходи изнесуваат
183,81 милиони денари и се зголемени за 32 отсто, додека пак приходите од
продажба на Друштвото се зголемени за 44 отсто во однос на истиот период минатата
2022 година“, велат од компанијата во објавата на Берза.

Вкупните трошоци и
расходи од работењето во првото полугодие, пак, биле на ниво од 141,88 милиони
денари и се зголемени за 26 отсто во однос на 2022 година.

Во извештајот од Македонијатурист велат и дека
инвестирале во фотонапонски централи, со цел да ги намалат трошоците за струја.

„Со оглед на тоа дека
цената на електричната енергија и останатите енергенси е значително зголемена
во однос на минатите периоди и нејзиното учество е големо во вкупните трошоци
на друштвото, тоа превзема низа мерки со цел намалување на негативните ефекти.
Една од најзначајните мерки е старт на инвестициската активност за поставување
на фотонапонски централи на дел од подружниците. Со оваа инвестициска активност
се очекува да се намали негативниот ефект од зголемената цена на електричната
енергија“, се вели во образложението.

Инаку, од компанијата
потсетуваат и дека донеле одлука за исплата на дивиденда за 2022 година во
бруто износ од 52.870.128 денари, а која стартуваше на 3 јуни годинава.

„Македонијатурист“ во
текот на шесте месеци имала нови вложувања во износ од 2.493.022 денари, кои
главно се искористиле за реновирање на конференциските сали во склоп на Хотелот
Холидеј Ин, како и на поставување фотонапонски централи на Хотел Белви, Хотел
Карпош како и во рамки на поранешниот Хотел Сарај.

Од друга страна, пак, хотели- Метропол Охрид за периодот
јануари – јуни годинава работеле повторно со загуба, како и во истиот период
лани, иако треба да се констатира дека загубата е малку намалена. Односно таа
во првото полугодие годинава беше на ниво од 246 илјади евра, додека во истиот
период лани беше 261 илјади евра.

Приходите од
работењетобиле 52.125 илјади денари и покажуваат зголемување
од 3 отсто. Од овој приход, на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем
дел, односно 50.976 илјади денари. Останатите приходи во
износ од 524 илјади денари бележат намалување во однос на минатата година.

Расходите од
работењето во износ од 67.935 илјади денари, бележат зголемување од 2 отсто.

Најголемо учество во
вкупните расходи со 43 отсто
имаат трошоците за вработените во износ од 29.076 илјади денари, кои бележат
зголемување од 6 отсто. Трошоците за суровини и материјали во износ од 14.284 илјади
денари имаат учество од околу 21
отсто во вкупните расходи, односно се намалени за 27 отсто.

„Неизвесноста во цената на енергенсите,
енормното зголемувањето на цените на скоро сите импути, воениот конфликт на
европско тло, и сезонскиот карактер на работење, се фактори кои директно влијаат
врз резултатите од работењето на друштвото“, потенцирале оттаму во
образложението, додавајќи дека „менаџментот
на друштвото своите одлуки ги базира на кратки рокови со цел полесно адаптирање
кон новонастанатите услови на стопанисување“.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy