Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ербас ќе испорача 160 авиони во Кина
Македонија

Ербас ќе испорача 160 авиони во Кина

06/04/2023

AA

Ербас постигна договор за отворање нова производствена линија за склопување авиони во Кина, објави Ројтерс.

Европскиот производител на авиони ќе го удвои своето производство во азиската земја, откако владетелите на Пекинг дадоа конечно одобрување за договорот со кој Ербас ќе испорача на Кина 160 авиони.

Договорите со кинеските власти ги потпиша извршниот директор на „Ербас“, Гијом Фори, кој го придружуваше францускиот претседател Емануел Макрон во неговата државна посета на Кина.

Минатата година европскиот производител на авиони објави дека и продал 292 авиони на Кина.

Од 2008 година, Ербас склопува патнички авиони А320 во производствен погон во северниот кинески пристанишен град Тијанџин. Претходниот комерцијален договор објавен во 2018 година предвидуваше 6 авиони месечно да се градат во оваа фабрика.

Новата производна линија би требало да го удвои бројот на авиони Ербас собрани во Кина.

Втората по големина економија во светот претставува повеќе од 20 отсто од глобалниот авијациски пазар, забележуваат Ројтерс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45039
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy