
Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали за условите и спецификите на договорот.
Трамп изјави дека очекува наскоро да се постигне договор со Индија, објави АП.
Министерот за трговија на САД, Хауард Латник, потврди дека договорот со Кина е потпишан претходно оваа недела, додавајќи дека договорот е „потпишан и запечатен“.