Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зоран Китанов најуспешен новопечен бизнисмен со електрична енергија како функционер од претходната власт
Економија

Зоран Китанов најуспешен новопечен бизнисмен со електрична енергија како функционер од претходната власт

27/06/2025

AA

Зоран Китанов, поранешниот директор на јавното претпријатие „Државни патишта“, е најверојатно најуспешниот новопечен бизнисмен поврзан со обновливите извори на електрична енергија од групата на поранешни функционери од претходната власт кои во меѓувреме одбраа да се испробаат како претприемачи во оваа дејност.

Такви се уште и Филип Темелковски, поранешниот градоначалник на Кисела Вода, Илир Хасани, екс заменикот министер за здравство и Хари Локвенец, кој беше директор на Железници Инфраструктура, но поранешниот функционер од Струмица е убедливо напред во однос на сите други и за кратко време ги вклопи сите коцки за успешен бизнис. Треба да се каже дека и многу други функционери беа поврзани со оваа дејност, но преку своите најблиски. Има и такви како поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, кои веќе имаа свои етаблирани фирми во оваа дејност пред да влезат во политиката.

„К-Пауер“ на Китанов, инаку фирма основана во 2021, минатата година ги зголемила приходите за 918 отсто, односно на 2,6 милиони евра. Остварената добивка во 2024 изнесува 400.000 евра и има раст од 1.295 отсто. Може да се заклучи дека по само неколку години, започнало жнеењето на првите вистински плодови.

Оваа фирма е специјализирана за проектирање, изградба и одржување на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија, но има и две поголеми фотоцентрали во Росоман.

„Нашата компанија е единствениот официјален застапник за Македонија на познатиот турски бренд Elin, кој е еден од лидерите во производството на фотоволтаични системи. Ги фокусираме нашите напори на обезбедувањето рентабилни и економични извори на електрична енергија“, пишува на веб-страната на „К-Пауер“

Китанов пред две години рече дека средствата за оваа инвестиција ги обезбедил во договор за кредитирање со банка и во партнерство со други лица. Тој беше директор на Јавното претпријатие за државни патишта од 2017 до 2020, кога беше заменет со Ејуп Рустеми и во негово време во употреба беа пуштени автопатите Смоквица – Демир Капија и Миладиновци – Штип. 

Пред да биде назначен за директор на ЈПДП, од 2011 го водеше локалното јавно претпријатие „Струмица-Гас“ во спроведувањето на гасификацијата на град Струмица и на оранжериите. Китанов потоа беше владин претставник во Одборот на директори на Телеком, а оставка поднесе во 2023, за да се посвети, како што рече, на новиот бизнис потфат. 

А.К.

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
Македонија

СЗО СЕ ВКЛУЧИ ВО ПОДГОТОВКАТА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЛЕКОВИ

03/11/2026
Македонија

📽️ 📷 ПО 15 ГОДИНИ ПРОПАЃАЊЕ, БАЗЕНОТ ВО ИДРИЗОВО ПОВТОРНО

03/11/2026
Македонија

ПРОЕКТОТ НА „ВЕНЦИ“ ЗА „ПУЛС“ Е НЕЗАВЕРЕН ВО ОПШТИНА И

03/11/2026
Македонија

ОСУДА НА СТАВОВИТЕ НА БОГОЈЕСКИ, ПРЕОДНА ОЦЕНА ЗА ВОДИТЕЛКАТА Агенцијата

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46548
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над 100 сервери и седуммина уапсени

03/11/2026

Македонската полиција учествуваше во меѓународна акција во која за интернет измами се уапсени седуммина, а запленети се над 100 сервери.

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100 сервери, штетата надминува 4 милиони

03/11/2026

Македонската полиција учествуваше во меѓународна акција во која за интернет измами се уапсени седуммина, а запленети се над 100 сервери.

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во паметни броила веќе се вложени

03/11/2026

Од почеток на годинава до сега над 94% од броилата биле отчитани, велат податоците од Електродистрибуција. Останатите 6% кои се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy