Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Малата Софија ја победи најтешката битка – ѕвончето на Детската клиника заѕвони за нејзиниот нов почеток
Македонија

ФОТО Малата Софија ја победи најтешката битка – ѕвончето на Детската клиника заѕвони за нејзиниот нов почеток

27/06/2025

AA

На само три години, Софија ја извојува најголемата битка – победа над леукемијата. Пред еден месец, облечена во костим и со блесок во очите, храбро го заѕвони ѕвончето на Детската клиника во Скопје – симбол на крајот на долгото и тешко лекување и почеток на еден нов, посветол живот.

Нејзината мајка, Кристина, се присетува на тој моќен момент, полн со емоции, солзи, но и неизмерна гордост.

– Малку срамежливо, но со моја помош, Софија го заѕвони ѕвончето. Звукот останува врежан во срцето засекогаш, раскажува таа за Фемина.

Борбата започнала ненадејно, во септември минатата година, кога Софија имала само две и пол години. Сосема случајно, поради висока температура, направиле крвна слика која покажала загрижувачки резултати. По дополнителни испитувања на Детската клиника, семејството ја добило страшната дијагноза – леукемија.


Следувале девет месеци исполнети со неизвесност, изолација и хемотерапии, далеку од блиските и од секојдневните радости што ги живее секое дете.

– Најтешко беше кога моравме да се откажеме од родендени, празници и семејни собири. Но, знаевме дека се бориме за нејзиниот живот – вели Кристина.

Во тие најтешки денови, огромна поддршка бил медицинскиот тим на хемато-онколошкиот оддел, кој освен професионализам, секојдневно покажувал и човечност, топлина и сочувство.


Дете во суперхеројска носија со маска.

– Гледајќи ги пожртвуваните мајки таму, сфатив дека нема посилна мајка од мајка на дете што се бори со рак. Сакам да порачам на сите што се во оваа битка – не губете верба, бидете храбри и истрајни. Верата и љубовта даваат сила што не можете ни да ја замислите – порача Кристина.

Денес, Софија чекори кон ново, безгрижно детство. А ѕвончето што го заѕвони таа, по неа го заѕвонија и други деца, со надеж дека сите мали борци ќе ја добијат оваа битка и дека Детската клиника ќе биде место на уште многу вакви победи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
Македонија

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026
Македонија

Сончево и топло до петок, потоа следува значително заладување

09/09/2026
Македонија

Петмина приведени на концертот на Дејвид Гета во Скопје

09/09/2026
Македонија

На 25 октомври ги враќаме стрелките еден час назад –

09/09/2026
Македонија

Ер Србија ги зголемува летовите меѓу Белград и Скопје

09/09/2026
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45581
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами во притвор

09/09/2026

Судењето за предметот „Лотарија“ е одложено откако првообвинетиот Перпарим Бајрами, кој се бараше со меѓународна потерница, утрово е спроведен во

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат уште четири постапки

09/09/2026

Против поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, веќе е активна мерката притвор, информира Основното јавно обвинителство Скопје, по неговото

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026

Полицијата во Штип приведе 37-годишен маж откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана, опрема за нејзино мерење и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy