Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: После една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена и меѓународно заглавена
Македонија

СДСМ: После една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена и меѓународно заглавена

27/06/2025

AA

После една година мандат на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на Тимчо Муцунски, состојбата на меѓународен план е катастрофална, велат од СДСМ во соопштение.

„Од земја која отвори преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, денес сме претворени во невидлива точка на европската и светската мапа и со целосно блокиран европски пат. 

Тоа е резултатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на Тимчо Муцунски.

Владата не само што не ги исполни ветувањата, туку ја уназади позицијата на државата на меѓународен план и ја заглави земјата, оставјќи ги младите без перспектива.

Власта ветувааше подобра преговарачка рамка, подобра позиција. Наместо тоа, направи целосна блокада на европскиот пат.  Македонија е заглавена, изолирана и оставена зад сите во регионот. Зад Албанија, зад Црна Гора.

За 1 година влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија нема ниту еден меѓународен успех, ниту еден државен успех на меѓународен план. Нема ништо.

Ни се случи историски шамар во Европскиот парламент токму од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ. 

Ги нема ниту ветените инвестиции од САД, но затоа власта доби 33% зголемена царина. 

Владата нема стратегија, нема план, нема компас. Не знае каде оди ниту каде ја движи државата. 

Министерот за надворешни, Тимчо Муцунски, за цела година нема ниту еден постигнат успех, ниту еден значаен резултат. Единствено што видовме е хаос, партизација и распад на дипломатската служба.

После една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена и меѓународно заглавена. Ако се цени по досега покажаното, најлошото допрва доаѓа“, се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy