
Телото на папата Франциск се носи кон базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде ќе биде погребан!
Погребот на папата Франциск заврши. Ѕвоната на базиликата „Свети Петар“ заѕвонија, означувајќи го крајот на службата по два часа и 10 минути.
Ковчегот со папата Франциск сега ќе биде пренесен преку реката Тибар до римската базилика Санта Марија Маџоре, каде што исто така ќе ѕвонат ѕвоната пред пристигнувањето на телото на папата.