Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Македонското знаме на победничкиот подиум на УСА Опен
Македонија

ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Македонското знаме на победничкиот подиум на УСА Опен

26/04/2025

AA

Тимот на Милошевски Маршал Артс, предводен од сенсеи Деја Милошевски, со гордост ја претстави Македонија на најголемото интернационално натпреварување во историјата на САД, УСА Опен, кое собра повеќе од 2600 натпреварувачи од 40 земји.

На ова глобално сценарио, тимот постигна исклучителни резултати, а најголем успех донесе младата Бони, која ја освои бронзата во дисциплината кати на Интернационалниот јуниорски куп. За неа, ова беше огромно достигнување, особено бидејќи ова беше нивниот прв настап на глобално ниво.

Сенсеи Дејан, по неколку години со повреди и посветена подготовка, се врати на татамито и ја освои највисоката награда – златен медал во дисциплината кати (сите стилови), симболизирајќи ја непоколебливата решителност и силата на македонскиот дух.

„Овој успех не беше само лична победа, туку и победа на Македонија на глобалната сцена,“ изјави Дејан, кој исто така беше и дел од судискиот тим, работeјќи неуморно три дена, додека истовремено настапуваше како натпреварувач.

„Овој успех го посветувам на сите Македонци во дијаспората,“ додаде сенсеи Дејан, потврдувајќи дека неговата мисија е да ја носи Македонија и македонската заедница во светот, инспирирајќи нови генерации со карактер и посветеност.

Тимот докажа дека македонскиот карате не само што е силно присутен на светската сцена, туку и дека е пример за вредности и дисциплина што ја инспирираат идната генерација спортисти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има нов Извршен комитет: Ковачки е нов генерален секретар,

06/02/2026
Македонија

ПРЕЗЕНТИРАНИ ФОРЕНЗИЧКИ ВЕШТАЧЕЊА, ВО ВОЗИЛАТА НА БАНДАТА НА ШТЕКЛИ ИМАЛО

06/02/2026
Македонија

Вее снег на с.Лисец-Попов Шапка – на овие патни правци

06/02/2026
Македонија

Странски фондови „пазарат“ станови во Скопје: Дански инвеститори купиле 40

06/02/2026
Македонија

ПОБАРАВ ПОМОШ ОД ПРИЈАТЕЛ ЗА ПРИЈАТЕЛ Радуловиќ негира дека била

06/02/2026
Македонија

ДНК траги, скриена дрога и „Снепчет“ комуникација: Продолжи судењето за

06/02/2026
Македонија

Се огласи ракометарката Валентина Радуловиќ, вели „тоа било само пријателска

06/02/2026
Македонија

СДСМ СУДИ СПОРЕД СЕБЕ Жестока реакција од ЗНАМ по тешките

06/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41137
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВМРО-ДПМНЕ има нов Извршен комитет: Ковачки е нов генерален секретар, партијата се екипира со „нова

06/02/2026

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница донесе клучни одлуки за внатрешна модернизација и кадровско освежување. Како најзначајна промена се

ПРЕЗЕНТИРАНИ ФОРЕНЗИЧКИ ВЕШТАЧЕЊА, ВО ВОЗИЛАТА НА БАНДАТА НА ШТЕКЛИ ИМАЛО КОКАИН Групата била строго хиерархиска,

06/02/2026

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа за предметот против Раде Трајковски – Штекли и останатите обвинети за

Вее снег на с.Лисец-Попов Шапка – на овие патни правци има магла!

06/02/2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy