Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКСПЕРТИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: Антарктикот остана без големо количество мраз, последиците од „Ел Нињо“ може да бидат опасни
Македонија

ЕКСПЕРТИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: Антарктикот остана без големо количество мраз, последиците од „Ел Нињо“ може да бидат опасни

10/07/2023

AA

Нивото на морскиот мраз на Антарктикот минатиот месец достигна рекордно ниско ниво, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО), а експертите за развој на климатските промени ова го оценија како загрижувачки.

СМО објави дека нивото на мразот на Антарктикот минатиот месец, за време на најтоплиот јуни забележан досега, било најниско од почетокот на сателитските набљудувања, односно 17 отсто под просекот.

– Навикнати сме да ги гледаме овие големи намалувања на морскиот мраз на Арктикот, но не и на Антарктикот. Ова е огромно намалување – изјави за новинарите во Женева Мајкл Спароу, шеф на Светската програма за истражување на климата, пишува Ројтерс.

Во извештајот се наведува дека температурите на глобалната површина на морето биле на рекордно високо ниво за мај и јуни, предупредувајќи дека затоплувањето на светските океани брзо се шири на другите делови од површината.

– Не се работи само за температурата на површината, туку целиот океан станува се потопол и ја апсорбира енергијата што ќе остане таму стотици години. Ѕвоната за тревога особено гласно бијат поради невидената температура на површината на морето во северниот дел на Атлантикот – велат од СМО.

Организацијата соопшти дека временскиот образец Ел Нињо, кој неодамна се појави, се очекува да ја зголеми температурата и на копното и на океаните, што може да доведе до почести топлотни бранови на морето и појава на екстремни температури.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy