Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еколошка катастрофа во Ѓорче Петров – дали најголем клиент била општината, прашува Арсовска!
Македонија

Еколошка катастрофа во Ѓорче Петров – дали најголем клиент била општината, прашува Арсовска!

18/01/2024

AA

Еколошка катастрофа се случувала во општина Ѓорче Петров. Ова денеска на прес конференција го истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Се работи за еколошка катастрофа од прв степен која во Општина Ѓорче Петров се случувала на парцела од 4000 квадратни метри приватен имот и околу 5000 метри квадратни имот на Република Македонија, во непосредна близина на реката Лепенец, на локација оддалечена од само 100-ина метри од новата пречистителна станица која ја гради Општина Ѓорче Петров, а е финансирана од Европската Унија… Завчера, на 16 јануари, во тек на вршење на екоцидот  ги фативме на лице место. Спречени се во вршење на нелегалните активности, извршен е увид на парцелата, прибрани се докази за сторениот екоцид, фотографирана е состојбата. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а на самото место беа излезени и полициски службеници“, вели Арсовска.

Таа додава дека приватната дива депонија е во сопственост на компанија која е под истрага за други дела, и на лице вработено во Општина Ѓорче Петров во Секторот за финансии кое, како што рече, „на социјалните мрежи често може да се забележи во друштво со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски“. 

„Од прибраните докази е констатирано дека приватната дива депонија се користела како бизнис од наведените лица кои не само што предизвикале екокатастрофа, со истурање отпад во заштитената зона на реката Лепенец, туку се осомничени и за сторен финансиски криминал. Она што е можеби најтрагично во целата ситуација е прашањето дали најголем клиент на овие лица, физички и првани, кои вршеле екоцид, е токму Општината Ѓорче Петров. Во тетратките во кои се водела нелегална книговодствена евиденција може јасно да се констатира дека покрај градежните фирми и приватни лица, од кои се наплаќало од 1.000 до 1.200 денари, најчест клиент кој депонирал опасен отпад е нотирана токму Општината. Од истата нелегална евиденција од оваа локација може да се види дека меѓу 50 и 100 тешки товарни возила/камиони на ден истурале токсичен и канцероген отпад… од документацијата затекната на лице место се гледа и дека две години ова траело на таа парцела“, информираше Арсовска.

Таа додаде дека Општина Ѓорче Петров нема склучено договор со единствената регистрирана санитарна депонија – ЈП Дрисла за оставање комунален општински отпад, а инспекторите за животна средина на Град Скопје по неколкудневно следење завчера, во соработка со полиција од ПС Ѓорче Петров,  спречиле екоцид на парцелата во која се оставал опасен отпад.

Порача и дека сторителите пред 20 сведоци биле затекнати во извршување на кривичното дело на локацијата на која дневно од 50 до 100 камиони истурале токсичен отпад и праша дали најголем клиент била Општината Ѓорче Петров.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy