Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Со Програмата за наводнување создаваме услови за зголемено и конкурентно производство на земјоделски производи и храна
Македонија

Ковачевски: Со Програмата за наводнување создаваме услови за зголемено и конкурентно производство на земјоделски производи и храна

18/01/2024

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото потпишување на Договорот за имплементација на четирите системи за наводнување по долината на реката Вардар како дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија. Во своето обраќање, премиерот Ковачевски истакна дека со Програмата се овозможува наводнување на нови над 13.000 хектари земјоделско земјиште, што е од исклучителна важност за развиено и конкурентно земјоделство, за зголемено производство на домашни земјоделски производи и зголемено производство на храна.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

„Денешниот настан е уште еден показател за посветеноста на Владата за развој на земјоделството, како сектор кој е еден од носечките столбови за развој на економијата.

Денеска се потпишува Договорот за имплементација на 4-те системи за наводнување по долината на реката Вардар, дел од програмата со која се овозможува наводнување на нови над 13.000 хектари земјоделско земјиште, што е од исклучителна важност за развиено и конкурентно земјоделство, за зголемено производство на домашни земјоделски производи и зголемено производство на храна.

Имплементацијата е од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а активноста опфаќа изградба, рехабилитација и проширување на 4 системи за наводнување по долината на реката Вардар (Страиште, Лисиче, Конско и Пепелиште), како и изградба на мали хидро централи на Лисиче и Конско.

Реализацијата на оваа Програма е овозможена со поддршката на Кредитната банка за обнова-КфВ од Сојузна Република Германија преку заем од 80 милиони евра и грант од 2,8 милиони евра за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите. Со тоа се обезбедува 70 проценти од потребните средства за реализација на Програмата за наводнување, додека 30% ќе се обезбедат преку буџетски средства.

Имплементацијата на Програмата за наводнување во нашата земја ќе овозможи создавање на модерни и ефикасни системи за наводнување кои ќе го зголемат хидропотенцијалот и обемот на земјоделското производство и ќе ги намалат економските загуби.

Реализацијата на оваа Програма е во линија на нашите заложби за создавање модерно земјоделство по европски терк, со што ги решаваме децениските проблеми на нашите земјоделци.

Реализиравме бројни проекти од водостопанството, инвестираме во сите региони. Овозможивме изградба на нови и реконструкција на постојните системи за наводнување, за да осигураме стабилни и богати приноси и да бидеме уште поконкурентни на европските и светските пазари.

Тука би издвоил неколку клучни инвестиции, како што е браната Конско во вредност од 40 милиони евра, чија што изградба започна пред три и пол години и веќе е во завршна фаза. Ова е најголемиот капитален проект за водоснабдување во последните 50 години.

Потоа, реконструкцијата на пумпната станица за наводнување „Дебарско Поле”, изградбата на системот за наводнување Колибари во вредност од близу 2 милиони евра, како и системите за наводнување Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица, Пишица, но и двата нови системи кои се планирани во Сопот и Новаци.

Еден од нашите врвни приоритети е стимулирање на домашното производство на храна. И сѐ што носиме како мерки се во таа насока, да ги мотивираме земјоделците преку соодветна поддршка да произведуваат повеќе, да го цениме нивниот труд.

За прв пат воведовме авансна исплата на субвенциите. 30% од основните субвенции во вкупна вредност 162 милиони евра се исплатени на сметките на 58.300 земјоделци.

Ги поддржуваме младите земјоделци, ја креиравме мерката за породилно отсуство на жените земјоделки која се воведува за прв пат, ги помагаме малите бизниси, а со новата мерка „Бизнис план“, овозможивме помош за набавка на производствена опрема и механизација. А, сега и понудивме за обработка и државно земјиште кое се става на располагање на сите оние кои имаат визија за својата иднина.

Со правилни политики, успеавме да ја отвориме земјата кон повеќе ЕУ фондови и денес Северна Македонија е лидер по искористеност на средства од ИПАРД програмата со високи 97% искористеност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филков: Одлуката за мазутот е удар врз правдата, Советот на

13/05/2026
Македонија

Муцунски од Самитот „Македонија 2025“: Имаме талент и знаење, време

13/05/2026
Македонија

Втор ден од Самитот на Македонија2025: Лидерството и довербата се

13/05/2026
Македонија

Советот на јавни обвинители ќе ги проверува контактите Мицкоски–Савески по

13/05/2026
Македонија

Мицкоски се јавил кај Савески да праша зошто е запрена

13/05/2026
Македонија

Утврден новиот број на јавни обвинители – Скопје со 66,

13/05/2026
Македонија

Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка, туку е на

13/05/2026
Македонија

Македонскиот здравствен систем се подготвува за можна ескалација на хантавирусот:

13/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43250
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филков: Одлуката за мазутот е удар врз правдата, Советот на обвинители да побара одговорност од

13/05/2026

„Очекувам итно преиспитување на одлуката и јасни одговори од Обвинителството врз основа на кои факти е затворен предмет за милионски

Муцунски од Самитот „Македонија 2025“: Имаме талент и знаење, време е потенцијалот да го претвориме

13/05/2026

„Малите држави не можат да победат со големина, но можат со агилност и знаење“, порача шефот на дипломатијата, нагласувајќи дека

Втор ден од Самитот на Македонија2025: Лидерството и довербата се клучни за иднината во ера

13/05/2026

Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy