Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две лица се обиделе да изнудат пари од скопски стоматолог
Магазин

Две лица се обиделе да изнудат пари од скопски стоматолог

08/03/2025

AA

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Изнуда согласно член 258 став 1 во врска со членовите 19 (во обид) и 22 (во соизвршителство). Осомничениот 33-годишен скопјанец, заедно со уште едно лице кое до сега не е идентификувано, со сила и сериозна закана се обиделе да принудат еден оштетен стоматолог да им исплати 5.000 евра, соопшти јавното обвинителство. 

Откако претходниот ден осомничениот се јавил и закажал термин како пациент во ординацијата, на 29 јануари двајцата соизвршители дошле на закажаниот термин. Осомничениот од неговиот мобилен телефон му покажал на стоматологот видео клип со наводно компромитирачка содржина и побарал од него 5.000 евра за да не го објави.

Во тој момент оштетениот започнал да го снима разговорот со неговиот мобилен телефон. Осомничениот го забележал, му го одзел телефонот и го избришал снимениот разговор. Потоа го натерал оштетениот заедно да излезат од ординацијата и се обиделе насилно да го внесат во автомобил. Оштетениот одбил, по што осомничениот му се заканил уште еднаш дека ќе треба и дополнително да плати затоа што ги снимал, па двајцата сторители заминале во непознат правец.

Се преземаат дејствија за откривање на идентитетот на вториот осомничен, додека за првиот јавниот обвинител предложи да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за нејзино издавање, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетениот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија

04/10/2026
Македонија

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето

04/10/2026
Македонија

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа

04/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПРЕИСПИТУВА СКРИНИНГ- ПРОГРАМАТА ЗА РАК НА ДОЈКА Клековски

04/10/2026
Македонија

ИСПИЈАНИЛЕ ДЕТЕ ВО КАФУЛЕ ВО КИЧЕВО, ПО ШТО ТОА ЗАВРШИ

04/10/2026
Македонија

ГОРАТ ПАСИШТА НА ШАР ПЛАНИНА Одговорите убедуваат дека пожарот е

04/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ОТКРИ КРИМИНАЛ НА ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА Влаејачката ВМРО-ДПМНЕ

04/10/2026
Македонија

ДЕНОТ ЗАПОЧНА СО МИНУСНА ТЕМПЕРАТУРА Во Берово измерени 4 степени

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија била отворена за разговор, „но

04/10/2026

Вршителката на должноста претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, изјави дека Софија „останува отворена за разговори со Северна Македонија“, но порача

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето на македонските шуми

04/10/2026

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, апелира заменикот директор на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа нема отстапки од македонскиот идентитет

04/10/2026

Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy