Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ – предлог на акционер од фабриката за чоколади
Економија

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ – предлог на акционер од фабриката за чоколади

23/04/2024

AA

Акционерското друштво „Европа“ има закажано Собрание на акционери за 15 мај годинава, и за него се предложени бројни предлог одлуки, меѓу кои и онаа за распределба на дивидендата од добивката остварена од ланската добивка, за што веќе пишуваше Фактор.

Но, на Собранието на акционери ќе се гласа и за една предлог одлука која стигнала опд еден акционер, Миломир Николиќ, кој поседува 2.800 акции, а кој предлага две дами да влезат во Одборот на директори на компанијата, како неизвршни членови. 

Односно, тој предлага Марина Симоновска и Марика Караџова да бидат номинирани како неизвршни членови на Одборот на директори.

Како што веќе пишуваше Фактор, на претстојното акционерско Собрание се очекува акционерите да ја одобрат работата на членовите на Одборот на директори, за секој член поединечно, а тие се Марија Каранфиловиќ – неизвршен член, претседател на Одборот на директори, која функцијата ја извршувала до 30 септември лани, Драган Наков, неизвршен член, Есамедин Хасани, неизвршен член, Наташа Милева, сегашен претседател на одбор на директори, неизвршен и независен член, Марика Караџова, извршен член и генерална директорка, како и Селаудин Арифи, неизвршен член.

А, токму директорката Марика Караџова заминува во пензија на 15 мај и затоа Собранието треба да ја констатира нејзината оставка, а на нејзино место ќе се избере нов раководен кадар, кој засега не е познат.

На неизвршните членови на одбор на директори ќе им се исплаќа месечен надомест во нето износ од 30.000 денари по член.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44994
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра

13/08/2026

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) излезе со официјална реакција по повод неодамнешната изјава на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy