Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Двајца починати и еден повреден во пукотница во Волково
Магазин

Двајца починати и еден повреден во пукотница во Волково

24/03/2025

AA

Две лица починале, а еден малолетник е повреден во инцидент што утринава се случи во скопското село Волково. Повредениот малолетник е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Министерството за внатрешни работи потврди дека случајот е пријавен во 9 часот и дека Р.Ц и М.Н. од здобиените повреди починале на самото место. Како можен сторител се посочува М.Н. 

– Денеска (24.03.2025) околу 09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди  се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Директорката на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Марија Срцева-Јовановски потврди дека на Клиниката е примен пациент од инцидентот во Волково и дека во моментот се прават испитувања.

– Пред неполни десет минути е примен пациент кој е повреден од огненострелно оружје. Во моментот се прават иследувања кај него. Генерално состојбата кај него е релативно стабилна. Пациентот по испитувањата веројатно ќе продолжи на лекување на Клиниката за пластична хирургија, изјави Срцева-Јовановски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот

05/09/2026
Македонија

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта,

05/09/2026
Македонија

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен –

05/09/2026
Македонија

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне

05/09/2026
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
Македонија

По години чекање, се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45482
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот кај Грачани

05/09/2026

Жителите на Скопје повторно можат да почувствуваат мирис на чад, откако ветерот над Скопска Црна Гора го насочи чадот од

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта, пет се ставени под контрола

05/09/2026

Според последниот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) направен попладнево до 18:00 часот, противпожарните екипи ширум земјава се

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен – Ангелов: Силите се преморени

05/09/2026

Нова серија пожари денеска ја стави на сериозен тест противпожарната служба во земјава. На отворен простор се регистрирани повеќе од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy