Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Видевски: Многу ме тепаа во полициска станица за да признаам, ме тераа да кажам дека го знам таткото на девојчето!
Македонија

Видевски: Многу ме тепаа во полициска станица за да признаам, ме тераа да кажам дека го знам таткото на девојчето!

24/03/2025

AA

Обвинетиот Боре Видевски денеска даваше исказ пред Судот за случајот со убиствата на Вања и Панче.

Потоа на 3. декември, бил приведен најпрво во ПС Велес, а потоа однесен во Скопје.

„Кога се враќав од пазар ми ѕвонеше телефонот ми кажаа дека ме бараат од полиција и дека се кај мене дома. Отидов дома ги видов луѓето со беа дојдени со две коли. И ги прашав за што сте дојдени, ми рекоа ќе ми кажат во полициска станица. Го оставив купеното и отидов со нив. Во станицата ми го земаа ташничето, внатреше имаше мобилен телефон, лична карта, возачка дозвола и нешто пари. Се задржавме не знам колу време. Ми рекоа дека од тука треба да ме приведат во Скопје, ги прашав, за што се работи, бидејќи луѓето ги познавав, Велес е мал град па се знаеме. Сакаа да ми кажат, но ми рекоа дека не смеат“, вели Видевски.

Како што вели потоа го донеле во Скопје каде бил многу тепан, со цел да признае.

„Потоа ме донесоа Скопје, ме прашаа дали имам адвокат и ми вршеа претрес, не најдоа ништо, освен ташничето кое веќе беше кај нив. Ме симнаа во ќелија, не знам колку се задржав таму, но мислам беше подолго време. Тоа ме викнаа да се качам горе и веќе кога влегов во ходникот не ни очекував што ќе се случи. Еден од инспекторите ме фати за раката ме повлече, прво ме соборија, па удираа, тука се појави уште еден човек. Почнаа да зборуваат за случајот, како удираа така зборуваа. Удираа и си кажуваа податоци и за двете убиства. Се појави и трето лице кое се придружи на нивната работа и ми рекоа „зборувај!“. Јас не знаев ништо. Господата уште посилно зборуваа, удираа, јас се фатив за стомакот за да го заштитам трансплантираниот бубрег. Не знаев од каде да се бранам. Единствно по главата не ме удираа, ме влечеа и во друга канцеларија при влечењето ме удираа од ѕид или ме удрија еднаш или два пати да не претерувам“, вели Видевски.

Како што вели, цело време додека траеше тоа, буквално му презентирале што се случило и го прашувале зошто го направил тоа.

„Цело време ми покажуваа слики кои тука ги гледавме но ми покажуваа и слики од убиеното девојче. Имаше повеќе слики колку што можев една да забележам ми ја потенцираа цело време, тоа беше слика каде што се гледаше дел од лев дел од шовершајбна и странично десно стакло од врата. Имаше само дека се гледаше рака, дел од рамо. Некаква тегет или плава трака како Адидас. Додека тоа ми го покажуваше продолжи да мава и рече еве си ти на сликата. Приметив дека удирањата се најчести кон бубрегот, сфатив дека нема да се откажат. И на крај го постигнаа тоа што го сакаа, да добијат изјава каде што јас ќе изгледам виновен, ја направија изјавата и ме натераа да потпишам. На целиот настан и тепањето имаше уште една работа, мислам дека ме прашаа дали го знам таткото на девојчето. Нормално не го познавам. Но на крајот тоа трето лице кое се приклучи, држеше дрвена палка, удираше по мене и ме натераа да кажам дека го познавам човекот. „Ќе те убијам ако не кажеш“. Полицаецот имаше акцент од источна Македонија. Потоа ме однесоа во ОЈО и таму дадов иста изјава бидејќи бев под огоромен страв. Ме прашаа дали имам повреди и дали сум во ред, им кажав дека не сум повреден, причината беше стравот. Од тука ме однесоа во притвор, таму требаше да оставиме се што поседуваме, тоа беше ташничето кое веќе беше кај нив, и направија преглед на телото, проверија дали имам лузни и таму веќе се гледаше дека имам лузни и модринки, и побараа од мене да напишам изјава дека сите лузни и модринки се од тепањето во полициската станица“, сведочи Видевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска

04/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее

04/11/2026
Македонија

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО

04/11/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46583
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска магла и минусни температури

04/11/2026

Времето в четврток, 5 ноември, ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее да биде доведен во прашање

04/11/2026

Европската Унија треба да понуди креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој во македонските евроинтеграции, без да се доведува во

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО КАФЕАНИ“ Петар Богојески им одржа

04/11/2026

Петар Богојески остана на ставот за машка контрола врз жените и во ново видео им се нафрли на мажите кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy