МОТОЦИКЛ УДРИ ПЕШАК НА ПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Мотоциклистот потешко повреден од пешакот
Во СВР Охрид вчера попладне било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај кичевското село Подвис, С.Т.(48) од Кичево, кој управувал мотоцикл „сузуки” со кичевски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.А.(51) од Кичево.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево, додека Б.А. се здобила со телесни повреди, информира СВР Охрид.
.
Извор: plusinfo.mk