ФИЛИПЧЕ НЕ УСПЕА ДА БИДЕ НИТУ ОПОЗИЦИЈА Никако да сфати дека СДСМ се распаѓа поради него
Венко Филипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДСМ кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на многу полиња и уште еднаш покажа дека ќе прави сè спротивно од сите останати, само за да излезе дека е поразличен, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Претходно, ВМРО-ДПМНЕ му беше виновна затоа што СДСМ се распаѓа под негово водство. Веќе некое време поранешни функционери на СДСМ се против тоа Филипче да биде претседател. За тоа се формираат и цели опозициски фронтови, со цел тој да се повлече, затоа што очигледно е дека, освен потрчковците лојални на Зоран Заев меѓу кои е и тој самиот, сите знаат дека Филипче не ја води СДСМ да биде опозиција во земјава, туку сака само да дојде некако на власт. Пред одредено време тој се нудеше на странски држави и ги усогласуваше неговите ставови со туѓи агенди, оти се надеваше дека ќе му помогнат да дојде на власт“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Никој не му е виновен на Филипче што СДСМ се распаѓа, додава партијата.
„На ВМРО-ДПМНЕ му одговара вакво СДСМ на чело со него. По две години ширење паника и хаос во јавноста, де со мигранти, де со измислици, СДСМ со Венко не успеа да направи ништо, не успеа ниту да биде опозиција, па следно се очекува да каже дека ќе дојдат вонземјани. Дека Венко живее во друг свет, тоа на сите им е јасно, јасно е и по јавното мислење, јасно е и по бројките од неколкуте изборни циклуси, јасно е и по неговото и по однесувањето на СДСМ, оти не знаат што прават како опозиција и никако не можат да се помират дека не се на власт, а ако продолжат вака, ќе исчезнат како политичка партија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
.
Извор: plusinfo.mk