Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: На Македонија ѝ е насушно потребен суштински политички дијалог, но во пристоен политички формат
Македонија

ДУИ: На Македонија ѝ е насушно потребен суштински политички дијалог, но во пристоен политички формат

02/04/2025

AA

Од ДУИ денеска велат дека на земјата и е потребен суштински политички дијалог.

Како што велат, истиот треба да е во пристоен политички формат.

„Изразуваме силна загриженост поради сѐ понагласената моноетничка доминација која Власта ја демонстрираше во првата година од своето владеење, а сега веќе на јавна сцена ја вклучува и етничката македонска опозиција во својата намера.  

Јавноста е просто згрозена од овој јавен флерт на Мицковски и Филипче, за полноќни средби во политички интимна атмосфера на која ништо помалку туку ќе се крои планот за нов општествен договор за регулација на идните политички текови. 

Иако и досега не беа за ништо прашувани, дегутантен е молкот на Албанскиот партнер во Владата.

Да потсетиме, Република Северна Македонија претставува препознатлив модел на функционална мултиетничка демократија со јасно изразена евроатлантска ориентација.

Овој систем на вредности е внимателно вткаен во трите темелни документи на земјата како што се Охридскиот Рамковен Договор, Преспанскиот договор, и Договорот за пријателство со Република Бугарија, зад чие спроведување како гаранција стојат нашите стратешки партнери ЕУ и САД.

На Република Северна Македонија ѝ е насушно потребен суштински политички дијалог, но не на интимни полноќни средби, туку во пристоен политички формат, со јасно изразена репрезентативност на сите граѓани, и во кој ќе се отворат суштинските прашања од значење за земјата.

Основниот модел на мултиетничкиот карактер на земјата е системски загрозен, а загрозен а и интегративниот процес на земјата во Европската унија. 

Тоа се две клучни стратешки основи кои што сериозно ја загрозуваат долгорочната стабилност и просперитет на земјата, и тоа се двата приоритети за кои треба да се отвори суштински политички дијалог“, велат од ДУИ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Износ на казна, доказ фотографија со возилото и регистарската таблица

21/08/2026
Македонија

Пожарите не стивнуваат: Над 15 огнени жаришта низ земјава, четири

21/08/2026
Македонија

Училишна кошничка со попусти до 15 отсто – Владата ќе

21/08/2026
Македонија

МВР: Ако забележите полициски хеликоптер, веднаш приземјете го дронот

21/08/2026
Македонија

Каде најмногу пораснаа платите? Просечната нето-плата во јуни 48.381 денар

21/08/2026
Македонија

82-годишник физички ја нападнал својата 78-годишна сопруга во Велес

21/08/2026
Македонија

Неготинец измамен преку лажна СМС-казна – наместо 460, платил 26.908

21/08/2026
Македонија

Се враќа нормалата во Гостивар: Прекината епидемијата поврзана со водата

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45164
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Износ на казна, доказ фотографија со возилото и регистарската таблица и брзо онлајн плаќање –

21/08/2026

Странците кои управуваат возила во Македонија отсега ќе имаат полесен и побрз пристап до информациите за евентуални сообраќајни прекршоци преку

Пожарите не стивнуваат: Над 15 огнени жаришта низ земјава, четири големи

21/08/2026

Пожарите и натаму се активни на повеќе локации низ земјава, а четири од нив се оценети како големи. Директорот на

Училишна кошничка со попусти до 15 отсто – Владата ќе одлучува во вторник

21/08/2026

Родителите би можеле да ги намалат трошоците за набавка на училишен прибор пред почетокот на новата учебна година, доколку Владата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy