Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта
Економија

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

13/05/2024

AA

По завршувањето на изборите во кои со голем
број гласови убедлива победа издвојува ВРМО-ДПМНЕ, и очекувано е тие да
формираат нова Влада, едно од суштинските прашања кои остануваат во следниот
период да се дефинираат е економскиот фокус на новата Влада.

Досега имавме бројни ветувања од сите
претходни владини претставници дека токму економскиот развој ќе биде во фокусот
на лидерите и функционерите со цел побрз економски развој на земајта, но за
жал, плановите за економски раст тешко се остваруваат. Нашата земја низ
годините не може да се пофали со голем раст на БДП, што вообичаено се смета за
еден од показателите за равојот на земајта.

Колку промената на власта, и враќањето на
раководните позиции на претставници од партијата која долги години беше на
владејачките позиции ќе предизвика и промени на економско поле допрва ќе
видиме. Кои се предизвиците пред новата влада, може ли да очекуваме поголем
економски раст, поодлучна борба со сивата економија, но и со корупцијата која
останува една од најчестите „кочници“ на нашиот пат кон Европската унија.

– 
Изборите и
доаѓањето нова влада секако се нов импулс за економијата, а и така се
доживуваат од економските агенти. Формирањето на очекувањата на граѓаните и на
фирмите е важно за економските исходи. Но, неопходно е да бидат пресретнати од
реално исполнување на она што било ветено. Секако, не може да се очекуваат
драматични промени во економските индикатори, особено не на краток рок, меѓутоа
може да се очекува драматична промена во пристапот кон политиките и
структурните реформи – вели Благица Петрски, директорка на Институтот за
економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

Петрески за Фактор истакнува дека
токму институциите се главната кочница за нашиот напредок. Поточно клучните
точки каде „вечно се препнуваме“, како што се недоволно владеење на правото,
неефикасната јавна администрација, сивата економија.

– 
Клучна кочница за
економскиот раст во Македонија останува севкупната неефикасност на
институционалниот поредок, што се рефлектира на повеќе начини: недоволно
владеење на правото, неефективна јавна администрација, толеранција кон сивата
економија, а на крајот сето тоа свој одраз има врз начинот на кој се трошат
народните пари. Крајно време е тоа да се смени, и јас лично очекувам цврста
рака и помак во тој сегмент. Резултатите од тоа ќе дојдат, порано или покасно,
меѓутоа она што е важно, како што вели Мицкоски во првите 100 дена, е да видиме
промена во пристапот кон овие работи, силна волја и први амбициозни чекори во
таа насока – истакнува Петрески.

Од друга страна економистот Здравко
Савески исто така смета дека „од новата влада поголеми промени на економски
план не треба да се очекуваат“. Савески посочува дека повеќе од три децении
сите влади во Македонија водат иста економска политика, што ги привилегира
капиталистите и овозможува огромна концентрација на општественото богатство во
нивни раце. Според него тоа ќе продолжи и понатаму.

– 
Дури е можно и
оние скромни исчекори што ги направи СДСМ во однос на регулацијата на пазарот,
со цел мала заштита на животниот стандард на обичниот човек, да бидат
отстранети во името на слободниот пазар. Корупцијата е системска фалинка на
постојниот систем на наводна демократија и распределба на економска моќ.
Правилата на игра се така утврдени што го фаворизира изборниот успех на оние
партии што располагаат со голема финансиска моќ. А таа финансиска моќ доаѓа од
економските центри на моќ во општеството, кои го користат обезбедувањето на
финансиската моќ за партиите, по доаѓањето на власт на тие партии, за
обезбедување привилегии за себе – посочува Савески.

Воедно нашиот соговорник истакнува
дека „финансиската моќ на економските центри на моќ во општеството ним им
обезбедува силна алатка за „лобирање“ кај политичарите на власт. Па, еве ви ја
корупцијата“.

– 
Така што,
стерилни се оние дискусии за корупцијата дека зависело од тоа чесни политичари
да дојдат на власт. Тоа од старт е оневозможено кога изборните правила се така
утврдени изборниот успех да зависи од финансиската моќ на партиите и кога во
општеството постои голема економска нееднаквост што им овозможува на оние што
го концентрирале општественото богатство во свои раце да имаат енормна
„лобирачка“ моќ да си купуваат политичари и поволна регулатива за себе –
укажува Савески.

Тој воедно посочува дека буџетските
приходи на власта се енормно зголемени во последната деценија, од 2,4 на 5
милијарди евра во периодот од 2014 до 2024 година, или за повеќе од 100
проценти.

– 
Тоа значи дека
владата располага со буџетски потенцијал за капитални инвестиции, јавни услуги
и социјални мерки што е многу поголем од порано, што ѝ овозможува значиелно
зголемен капацитет да го подобри и квалитетот на животот на мнозинството и
животниот стандард на најранливите членови од нашето општество. Но, тој
зголемен буџетски потенцијал може да биде и извор на експанзија на коруптивната
зависност. Со оглед на тоа што системот поттикнува коруптивни партиски
структури, јасно е како досега се користеше енормно зголемениот буџетски
потенцијал и како и понатаму тој ќе се користи – заклучува Савески.

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница

21/11/2026
Македонија

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд,

21/11/2026
Македонија

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ

21/11/2026
Македонија

НИТУ ДЕНАР ДОЛГ КОН ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ Петрушевски тврди дека

21/11/2026
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат

21/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46875
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница по пад од мотоцикл

21/11/2026

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ бил повреден при управување со мотоцикл во касарната „Илинден“, по што со возило на

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд, снег на планините и минусни

21/11/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот и повремени врнежи од дожд, најавуваат метеоролозите за недела,

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ РАМА Еве кои патишта ќе

21/11/2026

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама ќе донесе засилени безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга. Ограничувањата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy