До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
До четврток во земјава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Како што информира УХМР, во следните денови ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). […]