Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда
Економија

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

29/03/2024

AA

Продолжува трендот на намалување на домашното производство на млеко, а се намалува и бројноста на говедата и овците кои се одгледуваат во нашата земја.

Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, кои утврдиле дека производството на млеко од крави во 2023 година се намалило за повеќе од 25 проценти, додека бројот на говедата во Македонија се намалил за скоро десет проценти во споредба со 2022 година. 

За разлика од говедата и овците кај свињите, козите и живината има пораст на бројноста на пребројаните примероци. 

– Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, во споредба со 2022 година, вкупниот број на говеда е намален за 9,7 проценти. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, a кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е забележано зголемување – пишува во анализата на ДЗС.

Од друга страна бројот на свињите во 2023 година, во споредба со 2022 година, е зголемен за 5,9 проценти, а зголемување на бројната состојба е забележано во двата сектори.

Но, вкупниот број на овци во 2023 година бележи пад од 9,2 отсто.

Додека пак, во истиот период, бројот на козите бележи пораст за 6,7 проценти.

Зголемување има и кај бројот на живината во 2023 година, во споредба со претходната година, каде растот е 11,8 проценти.

Статистичарите исто така утврдиле дека има намалување и кај домашното производство на продукти од млеко. 

Па така, според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2023 година изнесува 238.328 илјади литри, што е за 26,5 проценти помалку во однос на 2022 година.

– Намалување на производството е забележано и кај овчото млеко, и тоа за 20,5 отсто во 2023 година во однос на претходната година.

Производството на козјо млеко е зголемено за 3,3 проценти споредено со претходната година. Вкупното производство на месо е намалено за 7,4 отсто – пишува во извештајот ДЗС.

Од другите добиточни производи, во 2023, во однос на 2022 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Топло низ цела Македонија: Издаден метеоаларм поради високите температури

26/08/2026
Македонија

Нов моторички парк на Водно – паднатите дрвја добија нова

26/08/2026
Македонија

Три пожари и натаму активни, четири под контрола

26/08/2026
Македонија

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во

25/08/2026
Македонија

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри –

25/08/2026
Македонија

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат

25/08/2026
Македонија

По објавата на 4news.mk исчезна профилот на кој малолетници објавуваа

25/08/2026
Македонија

8 активни пожари низ Македонија

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45255
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Топло низ цела Македонија: Издаден метеоаларм поради високите температури

26/08/2026

Високите температури ќе ја зафатат целата територија на државата во текот на денешниот ден, поради што е издаден метеоаларм, информираат

Нов моторички парк на Водно – паднатите дрвја добија нова намена

26/08/2026

Водно добива нова содржина за рекреација и спорт, откако на планината е изграден нов моторички парк од здравите стебла на

Три пожари и натаму активни, четири под контрола

26/08/2026

Три пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека четири се ставени под контрола, информира Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy