Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија
Регион

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

29/03/2024

AA

Во Албанија на подрачјето на поранешната воена база во Ѓадер започнаа работите околу уредувањето и доизградбата на потребната инфраструктура за кампот за сместување на мигрантите кои ќе ги испраќа Италија.

– Во првата фаза се работи на асфалтирање на патот од Какариќ до Ѓадр, како и во внатрешноста на кампот. Се гради и заштитен ѕид висок неколку метри и се очекува овие работи да завршат првите денови од месец мај. До 20 мај кога се очекува да пристигне првата група бегалци, треба да завршат сте неопходни активности. Деновиве ќе почнат работите за прифатниот центар во Шенѓин, јави Топ чанел.

Работите се одвиваат со забрзана динамика за да се овозможи доизградба на сместувачките места, здравствен дом и други објекти, за да може да профункционираат на 20 мај, како што беше најавено.

Премиерката на Италија Џорџија Мелони и премиерот на Албанија Еди Рама во Рим минатата година потпишаа договор според кој Албанија ќе прима имигранти од Италија. Тие ќе бидат сместени во прифатни центри во крајбрежните градови, чија изградба ќе ја финансира италијанската влада. Во тие центри ќе можат да се сместат најмногу 3.000 луѓе. Она што се наметнува како клучно прашање, покрај она поврзано со човековите права, е и како тоа е законски регулирано и дали го прекршува законодавството на Европската Унија. Нејасно е и дали и како договорот меѓу овие две земји ќе се одрази на целиот регион на Западен Балкан.

Мелони и Рама потпишаа договор во Рим за сместување на имигрантите во специјални центри што ќе бидат формирани во Албанија. Конкретните детали од договорот се уште не се објавени.

Мигрантите, со исклучок на малолетни деца и бремени жени, кои пристигнале на италијанскиот брег или се пресретнати во морските води, италијанските власти ќе ги транспортираат до прифатниот центар во Шенѓин, каде ќе им бидат извршени здравствени прегледи и идентификација. Потоа ќе бидат транспортирани до кампот во Ѓадер каде мигрантите ќе треба да чекаат одговор на нивното барање за азил или евентуална репатријација, што би траело месец дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy