Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дневен хороскоп: Овенот ќе открие вистини кои не ги знаел, клучен ден за близнаците
Магазин

Дневен хороскоп: Овенот ќе открие вистини кои не ги знаел, клучен ден за близнаците

11/11/2024

AA


ОВЕН


Денеска може да откриете вистини кои не сте ги знаеле или можеби ќе треба самите да споделите некоја тајна. Нешто што мислевте дека е стабилно и сигурно може да се разниша и тоа може да ве збуни и загрижи. Не се обидувајте да го контролирате вашиот живот и имајте доверба во она што се случува.

БИК

Денеска ќе размислите за нешто што ве загрижило или потресело. Меѓутоа, за жал, не е веројатно дека претераното размислување ќе даде резултати, особено ако се работи за работи што не ги разбирате или не зависат целосно од вас. Дозволете ѝ вашата интуиција да ве води.

БЛИЗНАЦИ

Денешниот ден ќе биде клучен за вас – може да дојдете до увид во некои работи, нешто да ве изненади или да ве испровоцира да донесете одлука за посериозна промена. Размислете повеќе за себеси и следете ги вашите лични желби наместо да се жртвувате за другите.

РАК

Денеска лесно можете да си дадете повеќе одмор, па дури и да бидете мрзеливи. Ако се чувствувате нервозни, добро ќе ви дојде да вежбате малку или да ја потрошите енергијата преку некоја физичка работа. Прекрасен ден за романса, исполнет со моменти на интимност.

ЛАВ

Денешниот ден ќе биде поголем стрес за некои од вас. Доколку се чувствувате нервозни или иритирани поради нешто, најдете начин да се опуштите и да се ослободите од негативните емоции. Можеби ќе почувствувате потреба да бидете сами извесно време – искористете ја осаменоста, но не за да бегате од проблемите, туку да размислите како би можеле да ги решите.

ДЕВИЦА

Денеска вашите љубовни односи ќе бидат особено страсни. Сепак, внимавајте страста да нема спротивен знак – да доведе до драми поради љубомора, сомневања или обвинувања. Можно е да сакате едно, а долгот кон друга личност да ве принуди на друго.

ВАГА

Денеска пронајдете некоја работа во која можете да го вложите вашиот ентузијазам – хоби, средување или кулинарски изведби. Немојте да мирувате, бидејќи може да станете нервозни. Денот е многу погоден за да направите промени во вашиот дом и да ја разубавите околината.

ШКОРПИЈА

Денеска ќе бидете многу директни и тешко дека ќе можете да се воздржите од изјави, дури и ако знаете дека вашите зборови може да повредат друга личност. Ќе сакате да го кажете своето мислење, да ја следите сопствената животна филозофија. Денот не е особено погоден за комуникација, особено ако се работи за важен разговор – тешко ќе постигнете консензус.

СТРЕЛЕЦ

Грижете се за вашите финансии денеска. Можеби ќе треба да ги предвидите вашите идни приходи и расходи и ќе треба да направите некоја прераспределба. Може да се расправате со деловниот партнер затоа што вие сметата дека е вредно едно, а тој друго.

ЈАРЕЦ

Денеска страстите ќе ви бидат силни, а љубовта жешка. Ќе покажете способност да ги инспирирате луѓето околу вас со вашите топли зборови или вашето присуство. Сепак, бидете внимателни во обидот да влијаете на другите и не правете го тоа ако сметате дека вашите постапки имаат себични мотиви.

ВОДОЛИЈА

Денеска можеби ќе можете појасно да ја видите вистината за ситуацијата што се создала во вашето минато или за некоја драма во личните односи. Ако се чувствувате збунети и несигурни за нешто, оставете го тоа – веројатно ќе добиете поголема јасност во текот на следната седмица.

РИБИ

Денеска е многу добар ден да завршите нешто или да се ослободите од некоја обврска. Не е добро да започнувате нови работи, бидејќи ќе ви недостига доволно енергија и ентузијазам за тоа. Можете да го исчистите вашиот дом од непотребни предмети. Ќе ви помогне и ако направите мало прочистување на вашето тело.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гори ридот над Штип, огнот опасно блиску до куќите

03/07/2026
Македонија

За една година од македонските пруги украдени речиси половина милион

03/07/2026
Македонија

Службеното „Ауди А6“ од Општина Струга продадено на аукција за

03/07/2026
Македонија

Електронски рочишта и побрзи судски постапки: усвоен новиот Закон за

03/07/2026
Македонија

Тројца приведени за нападот со нож врз 14-годишното дете во

03/07/2026
Македонија

Македонскиот пасош останува на 41. место во светот, без виза

03/07/2026
Македонија

„Ова е обид за убиство, а не обично насилство“: Сведоштво

02/07/2026
Македонија

Мицкоски: Немам претседателски амбиции, на следните избори одам по уште

02/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44135
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гори ридот над Штип, огнот опасно блиску до куќите

03/07/2026

Избувна пожар на падините на ридот Исарот во Штип. Густ бел и сив чад се издигнува над градот, а огнената

За една година од македонските пруги украдени речиси половина милион евра – најмногу исчезнува бакарот

03/07/2026

Речиси половина милион евра изнесува проценетата штета од кражбите на железничката инфраструктура во земјава во текот на 2025 година, покажува

Службеното „Ауди А6“ од Општина Струга продадено на аукција за 1,35 милиони денари

03/07/2026

Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, е продадено на јавна аукција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy